Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Анима Мунди“ бараат видео-записи од ЗОО Скопје за утврдување на смртта на Орка

0
By Нова ТВ on January 27, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 27, 2014 13:50

– Здружението „Анима Мунди“ е исклучително загрижено од неофицијалните информации кои доаѓаат од граѓани и наши активисти дека смртта на жирафата Орка во скопската зоолошка градина не е причинета од вродена срцева мана, туку од невнимание на вработените. Според непотврдените информации жирафата била оставена без надзор со другите жирафи кои веќе се донесени во скопската зоолошка градина и кои и го скршиле рбетниот столб. Особено не загрижуваат информациите дека животното се мачело 20-тина часови пред да угине, се вели во реакцијата на здружението.

Повикувајќи се на изјавата дадена за НОВА, во која портпаролот на зоолошката Дане Кузмановски, посочи дека во последните мигови се направени ренгенски снимки на карлицата на Орка, од здружението велат дека за нив тоа е индикација дека веројатноста е голема гореспоменатото да е точно, и во однос на видео-надзорот кој го напомена Кузмановски, бараат снимките да им бидат доставени, со што би ги проследиле и побарале мислење од нивни стручни соработници во Македонија и во странство.

>> ЗОО Скопје: Не е во ред со смртта на Орка да се оспорува се што сме направиле

Понатаму во реакцијата стои опис за природата на жирафите:

Каква е природата на жирафите?

– Машките жирафи ретко се спријателуваат меѓусебе. Иако се воглавно кротки животни, во природата на мажјаците жирафи е да се тепаат, понекогаш и до смрт, за да се види кој е водачот. Под такви околности, послабиот бега, или умира. Во однос на Орка, тој и да сакал, немал каде да избега, зошто е во заробеништво.

„Анима Мунди“ бара официјална потврда од актуелната директорка на ЗОО Скопје, Татјана Стаменов да се спроведи и независна истрага за смртта на жирафата која предизвика внимание и на домашните но и на странските медиуми, и доколку се покаже дека се точни нивните информации дека жирафата угинала поради невнимание на персоналот очекуваат санкции за одговорните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.