По информацијата за жирафата Орка, која ненадејно почина во скопската Зоолошка градина, а имајќи предвид дека природниот животен век на жирафите изнесува до 25 години (неретко 30), а Орка бил стар само три и пол години, значи станува збор за младо животно, регира денеска Здружението за заштита на животни Анима Мунди.
– Укажуваме на неопхода јасно да се утврди причината за неговата смрт, во јавноста да се кажат податоци за тоа кој се грижел за Орка и кој му укажувал ветеринарна помош и на кој начин. Воедно, дали и на кој начин е набљудувано природното однесување на малиот Орка?
Податокот дека градот нема да остане без жирафи како што велат во соопштението на Зоолошката градина Скопје, не е утеха, зошто Орка не е предмет, и како таков не е заменлив.
Повторно посочуваме, велат од Анима Мунди, животните не се предмети ниту украс, и нивното место е во дивината, а не во заробеништво. На луѓето им е забавно да одат во Зоолошките градини и да ги гледаат животните. Но, откако луѓето, посетителите на зоолошките ќе се вратата во своите топли домови, тие животни остануваат сами во своите кафези, оддалечени од своите семејства, остануваат сами со својата траума, депресија и тага.
Потоа никој не ни размислува на тажната судбина на тие доживотни затвореници.
– Зоолошките градини ги учат луѓето дека е прифатливо да се држат животните во заробеништво, каде се досадуваат, стиснати на мал простор, осамени, далеку од нивните домови во природата, на милост и немилост на луѓето.
– Зоолошките градини тврдат дека ги едуцираат луѓето, но повеќето кафези во зоолошката се навистина мали, а информативните натписи такви да даваат малку повеќе информации од името на видот, прехраната и природното опкружување. Нормалното животинско однесување речиси никогаш не се коментира, а уште помалку се надгледува, затоа што во зоо градините нивните природни потреби речиси никогаш не се овозможуваат, регираат од Здружението за заштита на животни Анима Мунди.




