Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анима Мунди: Мора да се стави крај на суровоста врз животните

0
By Нова ТВ on August 17, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 17, 2015 10:51

Анима Мунди, здружението за заштита на животни, е “огорчена и лута” поради “случаите на суровост кон животните, настани кои покажуваат каква девијантност, социопатологија и насилство се толерира во Република Македонија”, вели здружението.

И раскажува неколку последни случаи кои се вознемирувачки кога станува збор за грижата за животните во нашето општетство:

“Во Велес младо и немоќно куче, мирно и преплашено, е врзано за екстремитетите и живо фрлено да умре во Вардар. Видете ги неговите фотографии. Некој психопат го врзал за нозете, фрлил и оставил полека да умре и да се мачи. Среќа, не му бил денот, го спасиле храбри и хумани луѓе Бијлана и Робертино од здружението за заштита на животни „Обезбеди Живот“ од Велес, кои го згрижија и му бараат дом.

Минатата седмица во Велес слаб изнемоштен, претоварен коњ испушти душа на велешкиот асвалт– последно нешто што почувствува беа тупаници да стане и продолжи. Не издржа, умре така, а неговото тело го фрлија во река, да скапува.

Вчера пеколна беше улицата за кутар коњ од Битола, кој падна, се бореше за воздух, на кој пена од устата му излегуваше од немоќта и болката, но мораше да стане.

Викендов ни пристигна и оваа монструозна фотографија, на живо теле ставено во гепек на возило со тетовска регистрација, врзано имобилизирано на начин да не може да се помрдне, избезумено од страв и болка. Регистрацијата на возилото е видлива и институциите може да постапат.”

Анима Мунди го повикува општеството на притисок врз институциите за да може да престане ваквиот однос кон животните:

“Нам не ни останува друго од тоа да заклучиме дека живееме во една морничава, гротескна, девијантна средина, и дека заостануваме во секој поглед зад секоја нормална, хумана и цивилизирана земја. Да заклучиме дека на ниту едно ниво не се пласира и негува хуманоста; дека од страна на институциите ниту се превенира, a уште помалку санкционира самоволието и суровоста на која се изложени животните. Прашуваме зошто се казнуваат граѓани за неносење на пудлица на поводник, но ако се изживуваат врз животните, тогаш не се предмет на интерес на институциите!

Информираме дека, од причина што не веруваме дека во Македонија, во однос на животните нешто ќе се промени без притисок, овие фотографии и ред други материјали кои ги располагаме ќе бидат доставени до сите меѓународни субјекти и институции во Европската Унија кои го сметаме за релевантни и веруваме дека можат да помогнат .

Веруваме дека ќе сакаат да не поддржат многумина, затоа што ова што кај нас се слушува и амнестира од одговорност е шокантно за секој кој има здрав разум и елементарна човечност”, вели здружението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.