Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Анима Мунди“ нема да му се извини на сточарот од с. Робово – етнолозите велат обичајот „Изгубеното јагне“ не е непознат но за свадби

0
By Mirjana on February 7, 2022 ПОЛИТИКА
Фота: Анима Мунди
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението „Анима Мунди“ не размислува да му се извини на сточарот од с.Робово, Александар Мачевски. За НоваТВ Гизела Бошковска изјави дека од она што било снимено на видеото, впечатокот е дека јагнето било малтретирано.

– Не напишавме ништо што не се виде на видеото. Законот за благосостојба на животно, убаво пропишува дека не треба да му се приредува стрес на животното или тоа да биде малтретирано. Во овој случај јагнето беше малтретирано и тоа е неспорно. Немаме намера да се извиниме и поради тоа што нашиот фокус беше инспекторот на Агенцијата за храна и ветеринарство кој наместо да санкционира, славел, а не самиот овчар, ни изјави Гизела Бошковска од здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ .

Етнолози кои ги контактира НоваТВ за обичајот, за кој сточарот Мачевски рече дека се изведувал во неговата куќа и тогаш кога е направено видеото, но и со децении наназад како дел од семејната традиција, велат ,,Изгубеното јагне“ како песна и обичај не е непознат во северните делови на државава и тоа на обреди поврзани со свадбарски обичаи.

– Не сум прочитал дека постои посебен обичај, кој се нарекува „Изгубено јагне“ кај нас во Македонија но има јасни трагови за магиска постапка, која се изведува кај нас, а спаѓа во сточарската традиција. Сточарските обичаи и магиски постапки од минатото се толку многубројни, што ниту десетина докторски дисертации не можат да ги „покријат“. Имаме многу описи на пијанки и честење на сите инволвирани во продажба на стока, после склучена зделка и тоа е запишано на многу места (никој не обрнал внимание на тоа дека се работи за ритуална или магиска постапка, туку ставиле акцент само на „честењето“ на заслужните за зделката). Инаку, во светот постои еден вид обичај, каде песната „Изгубено јагне“ е дел од ритуалот за просидба (Пирот, Срем, па и во Северните делови на Македонија), кога старосватот музичарите во дворот на куќата, ги распоредува на најразлични места (па дури и ги качува по дрва, плевни, штали…) од каде тие му го свират „Изгубеното јагне“. Се разбира, тој за тоа обилно ги плаќа музичарите. На друго место (Франција, Германија, Италија), „Изгубено јагне“ е иницијација на просидбата на девојката, кога младоженецот оди да го бара своето „Изгубено јагне“ во дворот на потенцијалната невеста, изјави за НоваТВ , кустос советник Александар Цветковски. 

Како што е познато Александар Мачевски, сточарот од село Робово, кого Анима Мунди го обвини дека малтретира животно, врз основа на снимено видео кое сам го поставил на својата фејсбук страна , за денеска е повикан на распит во полиција.

Тој најави дека ќе покрене постапка против „Анима Мунди“ кое му го нарушило угледот со тоа што го претставило за насилник, а тој како што тврди само спроведувал еден традиционален обичај кога се продаваат јагнињата.
Во зависност од развојот на ситуацијата, тој најави протести во Скопје пред Владата за што имал поддршка од сточарскиот еснаф од Малешевијата но и од другите краишта на земјава.
Агенцијата за храна и ветеринарство  ја осуди и се оградува од постапката на инспекторот од подрачната единица на АХВ во Берово.
Со реакција за случајот се јави министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој рече е згрозен од монструозниот чин. 
(М.Т.)
Анима Мунди ЕТНОЛОЗИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.