Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анима Мунди покренува меѓународна кампања за затворање на стационарот Вардариште

0
By Нова ТВ on March 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 17, 2015 12:45

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ покренува меѓународна кампања за затворање на стационарот „Вардариште“.

Од Здружението велат дека надлежните континуирано не постапуваат по реакциите и пријавите кои ги доставуваат за стационарот.

„Доста ни е од привидот на хуманост и соработка! За тоа до кое дереџе е доведен угледот на нашата држава во однос на животните говори и фактот што суровоста врз животните е ставена на дневен ред во Европската Комисија (од претставничката на Европскиот Парламент Кристина Мускардини) при штo европарламентарката укажува дека Македонија како земја претендент за влез на ЕУ е сериозно компромитирана во однос на убивањето на животните и повикува на мониторинг!

Не ни кажува ли ништо одговорот од Европскиот комесар за проширување Штефан Фуле кој на прашањето на пратеничката Мускардини одговара дека Европската комисија е запознаета со проблемот со бездомните кучиња во Република Македонија и истиот го поистоветува со проблемот во Романија. Со Романија, земјата која во светски рамки важи за најгрозоморниот пример на дивјаштво, примитивизам, суровост и крвништво врз бездомните животни – ете со такво крваво сценарио ја поврзуваат и нашата држава!

Шокантно е и непростливо што нашите реакции, апели за хуманост наидуваат на поголема поддршка надвор, во Европскиот Парламент, отколку во домашните институции. Тие пратеници се залагаат за наше мониторирање, влез, управување на Вардариште. Тие сметаат дека сме во право, а нашите институции не. Сега повторно се обраќаме јавно и ги повикуваме одговорните институции, градоначалникот на град Скопје, г-нКоце Трајановски, како и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-н Зоран Поповски итно да стават крај на лудилото кое таму владее,Вардариште итно да го затворат се додека не се создадат услови за комплетно управување на стационарот од страна на активисти за заштита на животните и луѓе кои животните ги сакат и ќе се грижат за нив!“ се вели во соопштението на Анима Мунди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.