Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Фајзер и Спутник-В најпреферирани вакцини, 57,7 проценти од граѓаните пројавиле интерес за имунизација

0
By Нова ТВ on April 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 17, 2021 10:30

Фајзер и Спутник-В се најпреферирани вакцини меѓу испитаниците во анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС). Истражувањето е спроведено телефонски во периодот помеѓу 11 и 14 април 2021 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Република Северна Македонија. Од испитаниците 57,7 проценти се изјасниле дека ќе се имунизираат доколку имаат можност, 24,5 рекле дека нема да се вакцинираат, а 17,8 се двоумат.

На прашањето која вакцина би ја примиле, од граѓаните 21,8 отсто се изјасниле за Спутник-В, 21,6 за Фајзер, 13,8 за која било, 6,2 за Астра Зенека, 4,4 проценти за Синофарм и 3,1 за Модерна. На истото прашање, 16,1 отсто од испитаниците одговориле дека не би примиле ниту една вакцина, а 12,7 проценти се уште не се решиле со која би се имунизирале.

Од испитаниците во Анкетата на ИПИС, 46,1 проценти сметаат дека државава полошо се справува со корона кризата од земјите во регионот, а 32,6 отсто се изјасниле дека Северна Македонија слично се справува како другите држави.

Истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во земјава. Според ИПИС, во него биле запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје било земено како посебна целина заради своите посебности.

Од ИПИС напоменуваат дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3  проценти, а поради тоа сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.