За 2013 година, Владата, при донесувањето на буџетот во декември, оцени помеѓу неколкуте набројани успеси, и растеж на економијата како и намалувањето на невработеноста.
Секојдневно слушавме препукувања помеѓу власта и опозицијата во однос токму на економијата. За едните поразителни бројки, за другите поуспешни од кога и да било.
Но како граѓаните го оценуваат напредокот, односно уназадувањето на Македонија, и што посакуваат да се смени во 2014?
Размислувањата се поделени, за едни релативно-добра живеачка, додека за оние кои им било тешко, вината ја наоѓаат во Владата. Дел од постарите бараат покачување на пензиите.
– Македонија некаде напредува некаде назадува, добро би било да се покачат пензиите и да се намалат цените на продуктите, вели еден од анкетираните.
Дел од граѓаните велат на Македонија не и се случило ништо добро и дека е далеку од Европската Унија, а за тоа е одговорна Владата на Република Македонија.
Помеѓу анкетираните, се апелира за работа на младите и намалување на задолженоста на Владата, и оптимисти се дека 2014 година ќе биде подобра.




