86 прoценти од етничките Македонци и 72 отсто од етничките Албанци ја сметаат Грција за непријателска земја, покажуваат резултатите од анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“, спроведена во текот на мај врз 1.050 испитаници
Како пријателска држава пак, ја чувствуваат само 6,2 осто Македонци и 7,7 отсто етнички Албанци.
Во анкета во која биле испитувани перцепциите на македонските граѓани кон соседните држави, се покажало дека за Македонците најпријателска земја е Србија, така мислат 66 проценти од испитаните, додека за етничките Албанци тоа е Албанија за која позтивнио мислење дале речиси 80 проценти.
Бугарија, пак, е пријателска земја за 23, 5 отсто од Македонците и за цели 36,1 процент од албанските испитаници.