Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета ИРИ: Драстично поголем оптимизам за политичката ситуација

0
By Нова ТВ on September 18, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Голем пораст на оптимизмот во врска со политичката ситуација во земјата и изгледите за членство во ЕУ, покажуваат резултатите од анкетата на населението во Македонија што денеска ги објави Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Според резултатите, бројот на граѓани кои ја опишуваат внатрешната политичка ситуација како „мирна и стабилна“ се зголемил од само 5 проценти во март 2017 на 44 проценти во август 2017 година.

Оваа промена, според ИРИ, е веројатно поврзана со неодамнешното формирање нова Влада по две години на жесток политички конфликт и несигурност.

Процентот на оние кои ја опишуваат моменталната состојба како „напната и неизвесна“, пак, паднал за 18 проценти од 62 проценти во март 2017, на 44 проценти во август 2017, а бројот на оние кои ја нарекуваат ситуацијата „критична и нестабилна“ бележи пад од 22 проценти и тоа од 32 проценти во март 2017, на 10 проценти во август 2017 година.

Според анкетата, македонските граѓани се поголеми оптимисти и за изгледите за членство Европската Унија. Бројот на оние кои мислат дека земјата сега е поблиску до пристапувањето во ЕУ отколку кога го добила кандидатскиот статус, се зголемил од 13 проценти во март 2017 година на 41 процент во авугст. Поддршката за членството во ЕУ и понатаму е силна на 77 проценти, со подобрување за 5 проценти од март 2017 година.

– Додека претходните анкети на ИРИ одразуваа длабока вознемиреност и песимизам во врска со стабилноста и траекторијата на Македонија, резултатите од ова истражување се многу охрабрувачки, вели регионалниот директор на ИРИ за Европа, Јан Сурочак.

Додава дека новата Влада треба да го препознае ова како можност да ја поврати довербата на граѓаните на Македонија и да преземе суштински мерки за решавање на прашањата кои се од најголемаважност за нив.

Обновеното чувство на стабилност што се рефлектира во истражувањето, сметаат од ИРИ, може да придонело за пооптимистички поглед кон економијата. Триесет и три проценти сега веруваат дека економијата ќе се подобри во текот на следните две години, што е зголемување за 12 проценти од март 2017. Исто така, се чини дека песимизмот во однос на квалитетот на животот во Македонија е намален, бројот на испитаници кои сметаат дека нивниот квалитет на живот се влошува, се намалил од 38 проценти во март 2017 на 24 проценти.

Анкетата е спроведена за Центарот за анкетни истражувања преку Брима, фирма за истражување. Податоците биле собрани од 4 до 21 август 2017 година преку интервјуа лице-во-лице на национално репрезентативен примерок од 1.105 испитаници на возраст над 18 години. Маргина на грешка е плус или минус три проценти на среден опсег на ниво на доверба од 95 проценти.

Ова истражување е овозможено со поддршка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

анкета ИРИ политичка ситуација членство во ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.