Мнозинство од 56,5 отсто од испитаниците одговориле дека се согласуваат со продолжување на спроведувањето на Договорот со Грција во Собранието со процесот на измена на уставните амандмани – според најновата анкета на Телма и МЦМС.
Против се 40,8 отсто, а 2,7 отсто не знаат или одбиле да одговорат.
Поддршка на процесот на уставни измени има речиси апсолутна поддршка од 92,6 % кај Албанците. Кај Македонците поделено – 54,4 % поддржуваат а 43 % се против продолжување на спроведувањето на Договорот со Грција во Собранието со процесот на измена на уставните амандмани.
Повеќе од половина или 54,4 % ја поддржуваат а 38,2 % не ја поддржуваат одлуката на седумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за почеток на постапката за уставни измени. 7,4 % од испитаниците не знаат или одбиле да одговорат.
Одлуката на седумте пратеници на ВМРО – ДПМНЕ има поддршка од мнозинство од испитаниците етнички Албанци – 77,5 %. Кај Македонците ставот е поделен, со 1,3 % разлика. 47,4 % не ја поддржуваат одлуката а 46,1 % се ЗА.
Гледано по партиска припадност дури 71,4 % испитаниците, поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваат со потегот на нивните сопартијци. Од призмата на СДСМ 84% даваат поддршка на потегот на пратениците од опозицијата.








