Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Собранието нема контрола врз извршната власт

0
By Нова ТВ on August 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Перцепцијата на граѓаните е дека извршната власт има поголема контрола врз Собранието отколку што Собранието ја контролира Владата, според својата уставна надлежност, покажа теренската анкета на Институтот за демократија.

Од анкетираните граѓани, 57 проценти одговориле дека контролата на Владата врз Собранието е голема или соодветна. За 55 отсто Собранието има мала или никаква контрола врз извршната власт.

Повеќе од половината од граѓаните (55%) сметаат дека законите во Македонија се менуваат често или премногу често. Kако најважни функции на Собранието оценети се надгледувањето на трошењето на Буџетот, носењето на што е можно поквалитетни закони и да се грижи како се спроведуваат законите, а најмалку важна функција го оценија носењето на што поголем број на закони и законски измени.

Повеќе од  две третини од граѓаните вклучени во анкетата,  сметаат дека пратениците во Собранието секогаш ги застапуваат интересите на нивните политички партии и своите лични интереси. Половина од испитаниците велат дека пратениците секогаш застапуваат бизнис интереси, а 53% од анкетираните кажале дека пратениците само понекогаш ги застапуваат интересите на граѓаните.

За 56% од испитаниците Собранието е целосно или делумно затворено за учество на јавноста во неговата работа.

За 46% пратениците се затворени за забелешките на јавноста и граѓанските организации при изработката на законите, а 42% се изјасниле дека во некоја мера се земаат предвид овие забелешки.

За повеќе од една третина (38%) од испитаниците имињата на пратениците од нивната изборна единица/општина/регион беа непознати.

Од анкетираните 47% одговорија дека пратеникот од нивниот регион не е достапен за средби со граѓаните, а само 29% дека е достапен.

Испитаниците сметаат дека пратеничките прашања се користат за рекламирање на Владата (60%) и за критикување на Владата и другите институции (52%). За 50% пратеничките прашања се корисни за полагање отчет на институциите, а за 44% се корисни за информирање на граѓаните за работата на Владата. Испитаниците се поделени околу впечатокот дали овој инструмент има влијание врз обезбедувањето одговорност на институциите. Еднаков дел од нив се согласуваат (45%) и не се согласуваат (45%).

Според 62% од испитаниците, владејачкото мнозинство воопшто или во најголем дел не ги зема предвид арументите на опозицијата при носењето на одлуките.

 

Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.