Според резултатите до анкетата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ граѓаните сметаат дека покрај политичките партии и Владата, за смирување на меѓуетничките инциденти најмногу можат да придонесат верските заедници, одговориле 39, 1 отсто од анкетираните, како и претставниците на странските земји и меѓународните организации – 29,2 отсто.


46,1 отсто од граѓаните сметаат дека Собранието треба да продолжи со работа доколку опозицијата го продолжи бојкотот. Висок е и процентот на оние кои сметаат дека овој бојкот ќе има големо влијание и во застојот на процесот на евроинтеграциите на државата – 48,6 отсто, а 37,4 отсто сметаат дека тоа нема да има никакво влијание.

За подобрување на политичкиот дијалог, според испитаниците треба да се подобрат односите помеѓу етничките заедници (32,6%) и да се зголеми нивото на политичката култура (31,5%).

Анкетата е спроведена на 1.100 испитаници во периодт од 1 до 30 јуни.




