НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета во ВМРО ДПМНЕ: Членството против бојкот, но и против Договорот

0
By Нова ТВ on September 13, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменикот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Петар Богоевски во интервју за 1тв, побара  да се има разбирање за одлуката на партијата„ која била исклучена од преговорите за името и како опозиција мора да ја критикува власта која не треба да глуми тримуфализам. Богоевски кажа и дека одлуката е одраз на различните мислења меѓу членовите на партијата кои биле потврдени и со партиска анкета.

Петар Богоевски

Според податоците на оваа анкета која ја направи ВМРО ДПМНЕ меѓу своите членови, во урбаните средини повеќе од 20 до 30 проценти од членовите на партијата се изјаснија дека  ќе гласаат „за“, во руралните средини овој процент е помал, а за бојкот се изјасниле незначителен број на членови и симпатизери. Но, одгромен број рекле дека не го прифаќаат Договорот – дека е лошо презентиран, има недостатоци, свои маани. И поради тоа што и јас не сум убеден во одржливоста на Договорот, јас ќе гласам против. Во таа шареноликост треба да се бараат причините за одлуките на партијата кои треба да се носат одмерено и внимателно“ кажа Богоевски.

Поранешниот член на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и екс амбасадор во Унгарија Игор Есмеров вели дека „има голема пизма“ меѓу народот затоа што граѓаните не биле подготвени дека ќе има Договор. Тој го смета Договорот за компромисно решение и кога има компромис мора да има отстапки од двете страни.

Игор Есмеров

„ Ова е единствена шанса да станеме членка на ЕУ и НАТО. 25 години ја добиваме истата порака дека без да го решеме спорот за името, нема членство во овие организации.Ако некој вели дека можело да се постигне подобро решение треба да каже како но и зошто не се постигнал таков договор досега – имавме 5 или 6 премиери досега “ кажа Есмеров кој смета дека бојкотот не е опција за ситауцијата во која се наоѓа државата, туку е шанса која треба да се зграби.

1ТВ Богоевски Есмеров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.