Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкетна комисија: Пакетот се уште не е договорен

0
By Биљана Секуловска on May 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 7, 2013 21:23

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициона партија СДСМ денеска не дојдоа до конечен договор околу Анкетната комисија за црниот понеделник, а доколку се усогласат ставовите, утре ќе излезат со заедничка изјава, изјавија за НОВА извори вклучени во преговорите.

Во текот на денешниот ден сепак СДСМ излезе со предлог за претседател на Анкетната комисија – да биде Лилјана Ингилизова, кој ВМРО-ДПМНЕ го прифатила, но под услов одлуките да се носат со консензус, што дополнително ги отежнило преговорите.

Според правилата, после усогласување на ставот за претседател на Комисијата, претставниците, односно генералните секретари на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициона партија треба да одат на средба кај претседателот Иванов.

Како што веќе објави НОВА од Брисел, Македонија влегува во временски теснец. Крајно време е да се направи Анкетната комисија за црниот понеделник од 24 декември 2012 година но и да се реализираат точките од политичкиот договор постигнат на почетокот на март при претпоследната посета на европскиот комесар за проширување Штефан Филе.

Во спротивно, нереализирањето на овој договор може сосема да го замрзне напредокот на земјата на европски план.

“Ангажманот на Европската комисија (ЕК) во Македонија започна пред повеќе од една година и е од огромна важност и за земјата и за ЕК. Нема сомнение дека нереализирањето на договорот ќе има негативни последици. Тешко е отсега да се каже какви ќе бидат последиците но пријателскиот тон на ЕК кон Македонија сосема сигурно ќе се смени“, изјави за НОВА европски дипломат во Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.