Веб страниците на Основниот суд Скопје 1 и на Врховниот суд и утрово се недостапни. Како што објави порталот infoshqip.com тие е цел на напад на хакери од Албанија кои се претставуваат на „Anonymous Albania”, а потегот е поради неодамнешните пресуди за случајот Диво насеље.
-Последните денови хакерите изведоа напади на грчките и српските веб-сајтови, како владини, така и на медиумски портали, сега на нејзината листата ја додадоа и македонската држава, пишува порталот.
Понатаму во текстот се цитира и порака на хакерската група во кој се вели:
-Веб-страниците на Основниот Суд и на Врховниот Суд на Македонија се….(DOWN) Оваа е знак на протест од нас до вас. Ослободете ги јунаците од Куманово. Чекајте нѐ… Ние сме „Anonymous Albania” … За одбрана на албанскиот народ… За голема Албанија“.
Порталот уште пипува дека албанските хакери, планираат големи сајбер напади, на историските датуми за Албанија, 28/29 ноември (Денот на независноста на Албанија), врз сајтовите на трите споменати држави, пишува порталот.