Published: Saturday, November 16, 2013 18:35
Во врска со изнесените невистини дека корнишоните одгледани во Анска Река, „содржат токсини” или „пестициди“ во поголема мера од пропишаната, компанијата со сите свои права и одговорности, тврди и објавува до целата јавност дека употребува препарати во количества кои се исклучиво дозволени и со закон регулирани и пропишани, се вели во демантот од Компанијата Еко Оранжерии Анска Река од Валандово.

Оттаму го приложуваат и заклучокот од извршениот инспекциски надзор на фитосанитарната инспекција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство која во своето образложение вели: „нема присуство на пестициди и резидуи“.





