Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска ќе поднесе прекршочни пријави за градоначалниците на Штип и на Гази Баба

0
By Соња Петрушевска on April 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Антикорупциската комисија денеска прифати три приговори поднесени од ВМРО ДПМНЕ  за прекршување на изборниот законик  и еден приговор отфрли како неоснован.

Антикорупциската комисија ќе поднесе прекрошна пријава против раководните лица во Агенцијата за финаниска подршка на земјоделскиот и руралниот развој затоа што исплатила 7,5 милиони денари на повеќе од 2000 лозари за откуп на винското грозје за 2014, 2015 и за 2016 година.

Овој долг винариите  „Повардарие“ и „Стефанс“ не можеле да го исплатат затоа што отишле во стечај, но сепак Антикорупционерите утврдија дека не се работи за редовни исплати и одлучија дека со исплатата е прекршен изборниот законик и законот за спречување на корупција и дека ќе иницираат постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи.

Антикорупциската комисија одлучи да поднесе прекрошна пријава и против градоначалниците на Гази Баба и на Штип.

Делумно беше прифатен приговорот поднесен од ВМРО ДПМНЕ кој се однесуваше за општината Гази Баба. Во време кога биле распишани изборите, општината распишала јавен оглас за ангажирање на агенција за обезбедување која  физички и партолно ќе ги обезбедува сите 11 училишта во општината и двете градинки, на сметка на општината, наместо оваа обврска да ја плаќаат родителите. Антикорупциската утврди дека иако во годишниот план на општината биле издвоени пари за оваа намена, сепак  спорно е соопштението објавено за настанот од страна на општината кое потоа било објавено во неколку медиуми, за што и ќе се иницира прекршочната постапка.

Прекршочната постапка ќе се покрене и против градоначалникот на Штип а во врска со  дистрибуција на дрва за огрев на две  социјално загрозени семејства и на Ј.П „Исар“, откако изборите веќе биле распишани.

Приговорот што ВМРО ДПМНЕ го поднел за вработување на десет лица во ЈП Комуна во Ново Село е отфрлен како неоснован. Јавното претпријатие не објавило оглас за вработување на неопределно време, туку преку Агенцијата за вработување, ден пред да се распишат изборите поради итни работи привремено биле ангажирани десет работници.

ДКСК по сопствена иницијатива  отвори и постапка за утврдување на фактичката состојба во однос на соопштението објавено на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 14-ти април дека се исплатени 27 милиони евра на 26.776 тутунопроизводители за реколтата од 2018 година.

Ќе се утврдува и точноста на информацијата објавена во некои медиуми дека  раководителот на одделението за хортикултура Јово Темелковски во ЈП „Водовод и канализации“ на 16-ти април се појавил на работа со маица од претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.