НОВА ТВНОВА ТВ

    Subscribe to Updates

    Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

    What's Hot

    Оската на отпадниците

    September 19, 2023

    Министерството за култура повторува, сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани

    September 19, 2023

    Зеленски пред Бајден и Лавров во Њујорк ќе ја претстави својата визија за завршување на војната во Украина

    September 19, 2023
    НОВА ТВНОВА ТВ
    • ДОМА
    • ВЕСТИ
    • ПОЛИТИКА
    • СТАВ
    • ЕКОНОМИЈА
    • ОПШТЕСТВО
      • ЗДРАВСТВО
      • ОБРАЗОВАНИЕ
      • ЧОВЕКОВИ ПРАВА
    • ЕУ – НАТО
      • ЕУ БЛОГ
    • РЕГИОН
    • СВЕТ
    НОВА ТВНОВА ТВ
    Home » Антикорупциска ве моли да не се интересирате за имотот на Груевски
    ПОЛИТИКА

    Антикорупциска ве моли да не се интересирате за имотот на Груевски

    By Нова ТВApril 6, 20161 Comment2 Mins Read
    Facebook Twitter LinkedIn Email
    СПОДЕЛИ
    Facebook Twitter LinkedIn Email

    Под притисок на јавноста која бара да знае колкав е имотот на екс премиерот Никола Груевски, Антикорупциската комисија денес свика прес конференција. Но средбата со новинарите не донесе нова информација за имотот на Груевски.

    Претседателот на Антикорупциската комисија ги праша новинарите зошто ги интересира имотната состојба на Груевски бидејќи тој повеќе не е функционер.

    Но, анкетните листови од почетокот и на крајот на премиерската функција на Груевски не се достапни на сајтот на Антикорупциската комисија и споредба не може да се направи.

    Претседателот тврди дека нема голема разлика но не им дозволи на новинарите да добијат фотокопија од документот со имотната состојба на Груевски кој им го покажа на новинарите.

    “Најљубезно ве замолувам ова прашање да го затвориме за век и векови амин”, рече тој пред новинарите пред кои се пожали дека телефоните во Антикорупциската комисија не престанале да ѕвонат и сите барале да знаат колкав е имотот на Груевски.

    ТВ Телма објави дека последниот анкетен лист на Груевски го нема во јавност и на сајтот на Антикорупциската комисија. Претседателот ја искара Телма затоа што објавувала непроверени податоци но не одговори на прашањата зошто институцијата не одговори на мејловите испратени уште на 28 февруари годинава, ниту на вчерашните телефонски повици до портпаролката на комисијата.

    Според комисијата системот е таков што ги брише анкетните листови откако функционерите ќе достават документ дека повеќе не се на таа позиција.

    Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
    НАЈЧИТАНИ

    Оската на отпадниците

    АНАЛИЗА September 19, 2023

    Пишува: КАРЛ БИЛД* / Project Syndicate Руските договори за оружје со Северна Кореја и Иран укажуваат на појава на…

    Министерството за култура повторува, сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани

    September 19, 2023

    Зеленски пред Бајден и Лавров во Њујорк ќе ја претстави својата визија за завршување на војната во Украина

    September 19, 2023

    На УКРО почна подготовката за поставување на новиот аксцелератор

    September 19, 2023

    Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

    Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

    Facebook
    • Редакција
    • Маркетинг
    © 2023 НОВА ТВ

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.