Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска за непотизмот на ВМРО ДПМНЕ: Се вработувале, а не исполнувале услови

0
By Соња Петрушевска on May 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Блиски роднини на поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ се вработувале во државни фирми на наместени огласи кои требало да одговораат на квалификациите на нивните татковци, браќа, ќерки, сестри и братучеди – утврди денеска Антикорупциската комисија која разгледа 9 вакви случаи по допрен глас. Во речиси сите случаи, директорите на државните фирми го искористиле своето дискреционо право да ги вработат токму блиските роднини на функционерите од сите пријавени кандидати.

Евидентен пример на непотизам е вработувањето на таткото на актуелниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев, Љубен, во Центарот за управување со кризи. На огласот кој бил објавен за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, државен испит полагале 4 пријавени кандидати во Агенцијата за државни службеници и иако сите го положиле испитот, Агенцијата до ЦУК доставила листа од само двајца кандидати -таткото на Јанушев кој бил второрангиран и четврто рангираниот. За Антикорупциската е нејасно зошто Агенцијата за државни службеници по сопствена иницијатива ги исклучила другите двајца. Директорот на ЦУК го искористил своето дискреционо право и го вработил таткото на Јанушев, а жалбата на вториот кандидат ја одбил како неоснована.

„ Таткото на Јанушев не ги исполнувал сите услови што се барале за тоа работно место, а еден од тие услови било и познавање на англиски јазик. Како потврда дека го познавал англискиот јазик, таткото на Јанушев доставил уверение за завршен прв степен по англиски јазик во Центарот за странски јазици од 83-84 година“, кажаа во Антикорупциската комисија.

Непотизам и влијание антикорупциска утврди и при вработувањето на братучедите на пратеникот Антонио Милошоски.

Братучетка му Јелица се вработила во 2014 година во Водовод и Канализација. Таа најпрво била примена на определено време, а потоа тогашниот директор на Водовод, Александар Атанасов го искористил своето дискреционо право и ја вработил на неопределно време.

„Јасно е влијанието и поврзаноста на директорот поставен од ВМРО ДПМНЕ и на тогашниот висок функционер Милошоски и има индиции за влијание при вработувањето на братучетката“, се согласија антикорупционерите.

Тие ќе побараат одговор од Основното јавно обвинителство до каде е постапката со незаконското именување на Атанасовски за директор на Водовод – постапка која беше покрената откако се утврди дека екс градоначалникот на Скопје Коце Трајановски го именувал Атанасовски со дипломи за завршено средно и високо образование непризнаени во земјава.

Милошоски влијаел и при вработувањето на својот братучед Станко Коруновски во Централен регистар на местото советник за дистрибуција на податоци.

„Систематизацијата на работните места во Централниот регистар остава простор постојано да им нови вработувања. Со вакви работни места како советници за дистрибуција на податоци кои, иако ги има во  значителен број, можат во секое време да огласуваат нови вработувања. Во Централниот регистар не се сочувани никакви записи од вработувањето на братучедот на Милошоски – ниту колку биле пријавени кандидати, нема записник од интервјуа, од селекција на кандидати, ранг листа или бодувања.

И братот на сегашната советничка за национална безбедност на Иванов, Анастасија Илиевска, Александар Тошевски се вработил во Централен регистар.

Нема докази дали имало и други пријавени кандидати и зошто тогашниот директор на Централен регистар Зоранчо Алексов одлучил да го вработи токму Александар Тошевски – брат на Илиевска кој имал само средно образование. Самиот овој факт за Антикорупционерите е индиција дека и за ова вработување имало непотизам.

Исчезнати се и документите за вработувања на блиските луѓе на екс функционерите на ВМРО ДПМНЕ во Агенцијата за електронски комуникации. Антикорупциска побарала увид, но од таму им било одговорено дека АЕК има законска обврска само една година да ги чува овие документи.

Сопругата на тогашниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, Кристина била вработена во АЕК во 2009 година.

Огласот за вработување бил објавен за време на летните одмори – на 7 јули 2009 година, а на 18 август веќе почнала со работа, со потпис на тогашниот директор на АЕК Петар Илиевски кој исто така го искористил дискреционото право да одлучи кој од пријавените кандидати ќе биде вработен.

„Има сериозни индиции за влијание на Божиновски и за поврзаност меѓу него и директорот на АЕК“, утврдија Антикорупционерите.

Во АЕК,  три години подоцна се вработила и сестрата на поранешниот амбасадор Андреј Лепавцов, Драгица. Освен диплома од ФОН што ја приложила Лепавцова, во АЕК нема други документи за нејзиното вработување. Нема копија од огласот кој бил објавен, записник од селекција, интервјуа, поради што антикорупционерите констатира дека постапката била нетранспаретна и има индиции за влијание при вработувањето.

За сите овие случаи, освен што констатираше сомневања за непотизам, Антикорупциска нема да поведе понатамошна постапка, затоа што одговорните лица повеќе не се функционери. Од Антикорупциската комисија наведоа дека ваквите случаи се доволен индикатор дека се потребни измени на Законот за работни односи, кој му дава дискреционо право на директорот да одлучува кој од кандидатите ќе биде вработен.

Но, Антикорупциска отвори постапка и побара да се утврди одговорност за именувањето на поранешниот државен секретар во МВР Сања Димитриовска, за советник на директорот во АЕК.

Целата постапка завршила експресно – за помалку од една недела пред формирањето на новата Влада. Димитриовска на 25 мај 2017 дава отказ во МВР и се враќа на претходното работно место – државен советник во Владата, а на 30 мај станува советник на директорот на АЕК. Оглас не бил објавен поради „итни работи и зголемување на обемот при работа“, иако во АЕК се вработени 129 лица, па за антикорупционерите е нејасно за какви итни работи станувало збор. Она што е сиптоматично е дека АЕК на 25 мај – на истиот ден кога Димитриовска си дала отказ во МВР – донело одлука за измена на систематизацијата па за местото советник на директорот повеќе не се барало економист, туку лице со завршен машински факултет што одговора на квалификациите на Димитриовска.

Антикорупциска утврди дека условите при вработување биле специјално креирани да одговораат на Димитриовска и одлучи да побара од Владата да ја преиспитаат целата постапка.

Како се вработиле двете ќерки на поранешната претседателка на Уставен суд Елена Гошева

Поранешната претседателка на Устваниот суд Елена Гошева, сегашна уставна судијка влијаела при вработувањето на нејзините две ќерки во државни институции. Бојана Гошева се вработила во Агенцијата за електронски комуникации, а другата ќерка Слободанка Гиевска во Телеком.

Работното место на Бојана Гошева воопшто не било објавено на јавен оглас. АЕК објавил оглас за вработување на 6 лица, но меѓу позициите не било наведено местото советник за правни работи – каде подоцна ќе биде вработена Гошева. Антикорупциската комисија утврди дека работното место било намерно изоставено, за да биде вработена токму ќерката на уставната судијка.

Сите други документи  од огласот – број на пријавени, селекција, интервјуа, во АЕК не постојат.

Другата ќерка Слободанка била примена на работа во МОБИМАК уште во 2004  како специјалист за регулатива, но она што го потенцираа антикорупционерите и за што поведоа постапка е нејзиното унапредување во директор за човечки ресурси десет дена пред изборот на новата Влада.

Одборот на директори на Т – Мобиле на седница одржана на 19 мај 2017 година донел одлука за измена на систематизацијата на работните места и за отворање на нова директорска позиција – за човечки ресурси. На истата седница Слободанка Гиевска е именувана на оваа позиција.

Антикорупционерите ќе ја известат Владата и ќе побараат да испитаат како во оваа компанија во која и Владата има свој претставник, се донесуваат одлуките за вработување и унапредување.

 

Антикорупциска ВМРО ДПМНЕ непотизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.