Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Aнтикризните закони заглавени со 3.000 амандмани, ќе бидат потребни неколку дена да се преведат

0
By Нова ТВ on March 26, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 26, 2021 10:15

На Собранието ќе му биде потребно уште време за да ги донесе трите закони од петиот пакет антикризни мерки за Ковид-19, бидејќи пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива ја реализира најавата и достави 3.000 амандмани на вчерашната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Претседателот на ова собраниско тело Тимчо Муцунски, на седницата информирал дека се поднесени амандманите и соопштил дека тие ќе бидат се проследени на превод на албански јазик, по што Комисијата повторно ќе се состане. Тоа, според информации од Собранието, би можело да се случи по неколку дена. Бидејќи законите се по скратена постапка, расправата по амандманите е предвидено да трае само три дена, а потоа законите би можеле да се изгласаат на пленарна седница.

Комисијата за финансирање и буџет беше закажана откако вчера беше постигнат договор помеѓу пратениците кои го изгласаа дневниот ред на 36. седница, а по предлог на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се договорија да ги повлечат сите точки и да расправаат само за трите закони од петтиот пакет антикризни мерки, како и за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија. И за оваа одлука пратениците од АА и Алтернатива имаат поднесено околу 400 амандамни кои од Комисијата за одбрана се дадени на превод.

-Очигледно дијалогот вроди со плод, за да бидеме конзистентни кон 12.000 компании и физичките лица кои вршат самостојна дејност, барам од пратениците да го поддржат предлогот што го даваме неколку дена – за итна помош на компаниите по основ на петтиот пакет мерки. Имаме на оваа седница и наши точки, но подготвени сме да ги одложиме за да поминат овие, за економските мерки. Затоа барам поддршка, за граѓаните да не го гледаат овој театар. Сите точки од дневниот ред да се повлечат и да останат одлуката за кризна состојба, точката за поддршка на физички лица, Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите, како и Предлог-зконот за изменување на Законот за личен доход по скратена постапка. Потоа очекуваме да се закаже и Комисија за финансирање и буџет и да престанеме да бидеме здодевни со нашите игри, истакна Мицевски, образложувајќи го предлогот.

Спикерот Џафери пред да го стави предлогот на гласање, рече дека работите и нештата за функционирање на Собранието треба да се одвиваат внатре, во Законодавниот дом, а не надвор.

-Останав конзистен на фактот дека процедурите подразбираат одлука на пленумот, а не моја волја. Се што зависи од мене лично ќе биде спрoведено во полза на интересот на Собранието, а по ваш избор, подвлече Џафери.

За збор процедурално се јави и координаторот на СДСМ, Јован Митревски со забелешка дека ВМРО-ДПМНЕ можела да ги повлече од неа поднесените точки, а на да бара сега нивно повлекување.

-Сакам да изразам жалење за професионалните војници, за здравствените работници, за Законот за служба во АРМ кој предвидува 25.000 евра отпремнина, што ќе мора да почекаат, рече Митревски.

Владејачкото мнозинство во Собранието има 62 пратеници, а двајца од нив беа позитивни на Ковид-19. Без опозицијата мнозинството нема кворум за работа и не може да носи закони. Мнозинството го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ на 36. седница да бидат разгледни само тие четири точки, а тие да направат кворум за да можат антикризните мерки да се реализираат што поскоро. Меѓутоа, поради блокадата на Законот за државјанства од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, пратеничката група на Алијансата на Албанците и Алтернатива ги блокира овие закони со околу 3.000 амандмани, како и одлуката за продолжување на кризната состојба со околу 400 амандмани, но и 20 други закони со над 32.000 амандмани.

Постигнатиот договор на парламентарните партии го поздрави и лидерот на опозоцијата Христијан Мицкоски.

– Добро е што владејачкото мнозинство го прифати предлогот што го дадов вчера за приоритетно гласање на четирите закони за помош на стопанството и граѓаните, иако таа поддршка е мала и до сега недоволна. Се покажа дека власта има мнозинство само да си го продолжи својот мандат, но не и да носи закони за граѓаните. Ова е разликата помеѓу борбата за лични интереси која ја застапуваат борците за провизии од власта, и борбата за интересите на граѓаните на чија страна ќе бидеме секогаш, напиша на Фејсбук Мицкоски.

 

Во Собранието вчера се одржа и седница за поставување пратенички прашања, чиј почеток доцнеше поради догворите за 36. седница. Претседателот на Собранието Џафери во тоа меѓув време имаше куса средба со премиерот Зоран Заев, на која се разговарало за сите процедурални аспекти на функционирањето на Собранието.

-Наша заедничка констатација е дека парламентарната дебата останува во Собранието помеѓу пратеничките групи и претставниците на политичките партии и тука треба да продолжи и да се изнајде соодветно процедурално решение за продолжување на работата на Собранието. Тоа е така затоа што, наша заедничка констатација е дека Собранието е институција на граѓаните и е подеднаква обврска како на пратениците од власта, така и на пратениците од опозицијата, во контекст на учеството во работата на Собранието согласно Деловникот за работа. Со надеж дека ќе продолжиме со редовните и ад хок координации, мислам дека ќе ги најдеме потребните заеднички решенија во корист на граѓаните, за да продолжи со работа Собранието и да ги исполни барањата на граѓаните во контекст на кризата и последиците од кризата врз животот на граѓаните воопшто, соопштија од собраниската прес-служба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.