Граѓаните обединети под граѓанското движење Протестирам/Protestoj организираат протести во 15 градови низ земјата.
Најавени се протести во Куманово и Велес и тоа во 18:30 часот, Скопје, Штип, Кочани, Кичево, Битола, Делчево, Крива Паланка и Струга во 18:00 часот, Прилеп, Струмица, Ресен и Радовиш во 19:00, и во Гевгелија во 19:30.
Граѓаните обединети под движењето #Протестирам бараат повлекување на одлуката за аболиција и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, како и повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни. Дел од барањата се и вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.