Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Антолог“ го одбележува јубилејот со врвна литературна понуда на Саемот на книги

0
By Marija Todorovska on April 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 18, 2024 14:09

„Во чест на нашата 25-годишнина, подготвени сме да ви го претставиме најголемиот избор на
наслови, најинтересните настани и најпривлечните попусти. Со повеќе од 350 наслови, вклучувајќи
ги и најновите книги на вашите омилени автори, нашиот штанд на Саемот ќе биде место каде што
ќе ги задоволите сите ваши книжевни апетити“ велат од „Антолог“.

Од специјални настани и промоции се издвојува ексклузивниот настан со специјалниот гостин –    шведскиот автор Андерс Рослунд кој ќе биде присутена на штандот на Антолог на 20 април во 12
часот.

Исто така, најавени се промоција на седум нови книги од македонски автори, меѓу кои и книгата за
деца и млади од легендарниот Александар Кујунџиски со наслов „Со големо Д“. На четирите
романи се потпишуваат: Мери Арсова – „Коски, пепел, чад“, Јордан Коцевски – „Тајни“, продолжение на „Тегли“, Анде Јанков – „Кобајаши Мару“ и Јован Илиески со продолжението на „Татко ми Босфор“ насловено како „Седум часот и педесет минути“. Од поетските збирки ќе бидат претставени Софија Добревска со нејзината поезија „Небо од стихови“ и Милчо Мисоски со „Зборови од хартија“.

Сите домашни автори-ексклузивци на „Антолог“ ќе потпишуваат заедно примероци и ќе се дружат
со читателите на штандот на „Антолог“ на годинешниот Саем на книга на 24 април со почеток од 13
часот.

За најмладите книгољупци од пет до седумгодишна возраст предвидена е креативна работилница
инспирирана од книгата „Големата фабрика за зборови“ во склоп на проектот „Создадено во
Европа“, која ќе ја води Ана Голејшка Џикова.

Покрај овие настани, „Антолог“ организира и неколку панел дискусии и тоа на многу важни теми за
литературата и издаваштвото: Новата македонска жанровска литература (18 април од 17 ч.), Што
(да) читаат нашите деца? Нови теми и приказни во книжевноста за деца (23 април од 12 ч.) и
Преводи, преведувачи, преведувачки дилеми и награди (23 април од 17 ч.). На 19 април од 18.30 ч.
пак, е закажан и разговор со писателот Маринко Кошчец (Хрватска). Настанот се реализира во
соработка со издавачката куќа Готен, со поддршка на Европската мрежа за превод и книги
„Традуки“.

Од бестселерите и книжевните класици кои излегуваат специјално за саемот ќе ги пронајдете:
„Магла и месечевина“ од Меша Селимовиќ, „Куќа на духови“ од Изабел Аљенде, „Плен“ од Ирса
Сигурдардотир, интензивната трилер приказна „Само таа остана“ од Рајли Сејгер, и секако
најновата сензација „Верувај ми“ од Андерс Рослунд.

Саем на книга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.