Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апел до Трајановски: Бидете хумани кон бездомните животни

0
By Нова ТВ on February 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 18, 2014 16:10

Организацијата „Анима Мунди“, како и Асоцијацијата на активсти за права на животните, реагираат на правилата на градските власти кои се однесуваат на условите за чување на животни и домашни миленици во дворни места на колективни и индивидуални станбени објекти од комуналниот ред кој ќе се гласа утре (19.02.2014) во Советот на град Скопје.

– Го замолуваме градоначалникот Коце Трајановски да ја одложи реализацијата на оваа одлука особено во делот што ги третира животните, бидејќи се сомневаме дека на сметка на домашните миленици, ќе настрадаат токму уличните. Сметаме дека е небулозно да се носат вакви ригорозни одлуки додека во градот Скопје се уште има бројна неевидентирана популација на бездомни животни, се вели во реакцијата на ААПЖ.

Оттаму бараат од градоначалникот на Скопје, да одговори за Членот 74 од Одлуката за комунален ред, кој децидно забранува чување на кучиња скитници на јавни површини.

– Го прашуваме градоначалникот Трајановски – дали ова значи дека сите кучиња скитници, вклучително и оние здравите и неагресивни единки, стерилизирани, обележани, вакцинирани и кои не претставуваат опасност за средината и имаат право на живот, сега ќе бидат убиени?, стои понатаму во реакцијата.

Од Асоцијацијата додаваат дека членот 86 од Одлуката предвидува дека на подрачјето на градот Скопје се забранува чување, терање, напасување и хранење на животни и живина.

„Оваа одредба не се однесува на домашни миленици, како и на животните чувани во зоолошки градини. Бараме дециден одговор од градоначалникот Трајановски – зошто на љубителите на животните им забранувате да ги хранат бездомните кучиња? Сметате ли дека е подобро истите да умрат од глад, а граѓаните да ја фрлаат храната што им останува наместо со истата да нахранат друго живо суштество? Зошто ја забранувате грижата за животните? Бараме од градоначалникот итна средба со здруженијата за заштита на животните со цел да се надминат овие проблеми. Во целост се согласуваме со ставот дека домашните миленици треба да бидат чипувани и да следат санкции за секој неодговорен сопственик на куче, но на сметка на тоа не смеат да страдаат уличните животни“ – велат од Асоцијацијата.

Од ААПЖ се децидни дека во ниту еден случај нема да поддржат одлука која забранува да се хранат и чуваат улични кучиња бидејќи со тоа нема да се реши проблемот на бездомната популација на животните – напротив, на луѓето ќе им се забрани да бидат хумани, а по улиците ќе шетаат прегладнети животни на работ на смртта.

„ Не сакаме такво Скопје!“ – пишува во реакцијата.

За „Анима Мунди“ пак, предлог-одредбите се скандалозни, и упатија јавно барање до Трајановски.

– Посочуваме дека предлог одредбите на град Скопје се скандалозни за сите оние кои ги сакаат животните и се грижат за нив – кои преку својот волонтеризам и грижа за животните придонесуваат на градот, помагаат и се од суштинска важност да бездомните животни бидат со контролиран здравствен статус, стерилизирани, вакцинирани, мирни и сити. Помагаат да се чуваат и вдомуваат кучиња од улица. Скандалозно е да градот ги казнува тие луѓе кои толку многу придонесуваат, и се де факто клучна алка во мерките за намалување на бројката бездомни животни – а да при тоа не нуди никакви одговори, мерки и решенија кој ќе влијаат врз коренот на проблемот со бездомните животни, а тоа е неодговорното сопствеништно и неконтролираното размножување и напуштање, се вели во реакцијата на организацијата.

Посочувајќи примери од Европа и соседството, од „Анима Мунди“ велат одлука од ваков тип не постои никаде, притоа образложувајќи дека таму кучиња се возат и во јавен превоз, дозволен им е влез во трговски центри и ресторани, дури и болници.

– Она што го бараме од Вас е да не се избрзува со Одлуката чиј сте Вие предлагач, а како Седницата на Советот за разгледување на Одлуката е закажана за утре, потребно ни е Ваше навремено произнесување како ќе постапите, се вели во обраќањето на „Анима Мунди“ до градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.