ПОЧИТУВАНИ МОИ ПРИЈАТЕЛИ,
АПЕЛИРАМ ЗА ПОМОШ!!
Изминативе денови минувам низ мошне тежок период. Откако пред 12 години ми беше опериран карцином на гласните жици, пред неколку месеци ракот се врати и тоа во посилна форма и зафати поголемо подрачје! Го нападна хранопроводот и дишникот! За почеток, ми беше направена трахеотомија и ми беше вградена канила, за да можам да дишам! Меѓутоа, ГОЛЕМИОТ ПРОБЛЕМ, карциномот, остана да се решава подоцна! Нашите лекари предлагаат РАДИКАЛНО решение – ЦЕЛОСНО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГРЛОТО (дишникот и хранопроводот)! Јас побарав АЛТЕРНАТИВНО РЕШЕНИЕ, лекување со зрачење! За таа цел, контактирав неколку болници во ТУРЦИЈА! Решение постои и деновиве добив званична потврда за тоа. Заедно со тоа, добив и пресметка – таквата интервенција чини околу 35.000 евра!
Бидејќи јас толкава сума немам, решив да ви се обратам вам и ДА ВЕ ЗАМОЛАМ ЗА ДОНАЦИИ!!
За таа цел вчера отворив сметка во ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ, од практични причини – поедноставен трансфер на средствата на сметка на БОЛНИЦАТА во ИСТАНБУЛ!!
Доколку се одлучите да ми излезете во пресрет и да ми помогнете, ве молам тоа да го сторите на следната сметка:
ДОБРИ МИЛЕВСКИ,
ХАЛКБАНК,
270-7000397900.28
При уплатата, молам да наведете Цел на дознаката: Донација за лекување во странство.
Донациски број за корисници на ВИП (и Оне) 143-484
Се надевам дека ќе најдете разбирање за ситуацијата во којашто се наоѓам и дека ќе ми излезете во пресрет, во рамките на вашите можности!
ОДНАПРЕД БЛАГОДАРАМ ЗА ХУМАНОСТА
(НОВАТВ го презема и репродуцира апелот во целост)