Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апел за зголемена внимателност и сoвесно и одговорно однесување

0
By Ivana on August 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) апелира на зголемена внимателност и сoвесно и одговорно однесување, бидејќи во услови на екстремно високи температури што подолг временски период ја зафатија нашата земја и најмало невнимание може да биде причина за пожар со катастрофални последици по здавјето на луѓето, природата и животната средина.

– Пожарите не само што ја уништиваат природата туку прeдизвикуваат и зголемување на концентрациите на суспендирани честички во воздухот, поради што и во текот на вчерашниот ден е забележано надминување на пропишаната среднодневна гранична вредност речиси на сите мерни места во државата. Пожарите во близина на водните тела може да имаат негативно влијание врз површинските и подземните води и да предизвикаат физички и хемиски промени на квалитетот на водата, наведува Министертството во апелот.

МЖСПП наведува дека во услови на пожар, потребно е пред употреба да се направи контрола на исправноста на водата од бунарите и изворите. Дополнително, треба да се има предвид дека водата што се користи за гасење на пожарите се црпи од околните водни тела, поради што е можно нарушување на водниот баланс во нив.

– Особено апелираме за засилена одговорност и внимателност на правните субјекти што во своите технолошки процеси имаат контакт со хемикалии, деривати и лесно испарливи и запалливи материјали, како и максимално почитување на плановите за заштита од пожар и хаварија, повикува Министерството за животна средина и просторно планирање.

апел министесртво за животна совесно однесување средина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.