Published: Thursday, January 16, 2014 14:21
Апелациониот суд ја потврди одлуката на Основниот суд Скопје 2, лидерот на НСДП Тито Петковски за нарушена чест и углед на премиерот Никола Груевски да му плати 650 илјади денари.
Груевски го тужеше лидерот на НСДП за клевета во текст објавен пред една година во „Фокус“, во кој Петковски рекол дека премиерот, со писмо испратено до генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, го прифатил предлогот на Нимиц – Република Македонија (Скопје), непосредно пред одржувањето на Самитот на НАТО во Букурешт.




