Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелација: Изземање на Панчевски од случајот со градежната инспекторка

0
By Нова ТВ on November 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 3, 2016 13:02

Апелацискиот суд одлучи, претседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски и судијата на претходната постапка, Славјанка Јанкоска, во случајот каде што овластената градежна инспекторка од општина Центар е тужена, да се иземаат од случајот.

Одбраната на градежната инспекторка по предлогот од Обвинителството побара изземање на сите судии од скопскиот Кривичен суд по овој предмет, бидејќи предметот се однесува токму на претседателот на судот, Владимир Панчевски.

– Адвокатот на инспекторката, во поднесеното  барање за изземање на судија кој постапува и на претседателот според член 33, став 2 од Кривичен законик, наведува дека причина за изземањето е постоење основа за непристрасност за постапување на судиите поради фактот што како оштететен се јавува претседател на судот,  па поради колегијалните односи се доведува во прашање постапувањето на судиите.

Панчевски изјавил дека не постојат причини за негово изземање, бидејќи освен колегијални, нема лични односи со судиите.

Истовремено, Апелација не го уважи барањето за изземање на сите судии од Основен суд Скопје 1, бидејќи странката може да бара изземање на судии само поединечно.

Предметот ќе се распредели автоматски на друг судија во кривичниот оддел, согласно годишниот распоред на судот, се вели во соопштението од Општина центар.

Градежната инспекторка на општина Центар минатата недела констатираше дека претседателот на судот Владимир Панчевски со двајца роднини, без одобрение изградил уште два спрата на објектот на улица „Никола Вапцаров“ бр. 6. Но додека општината подготвувала документацијата за уривање на бесправно изградениот објект, вчера инвеститорите, кои претходно тврдеа дека се работи за политичка хајка против претседателот на Кривичниот суд, почнаа со уривање.

– Се работи за самоиницијативна одлука на инвеститорите да го вратат објектот во првобитната состојба, изјави денеска пред новинарите адвокатот на семејството Панчевски, без притоа да одговори зошто се одлучиле за рушење пред да видат дали ќе им се прифати жалбата.

Во меѓувреме, за инспекторката која донесе решение за рушење на два ката од спорниот објект на Владимир Панчевски, скопското обвинителство побара од судот да и се забрани да постапува по предметот. Таа достави исказ пред надлежните, а одбраната побара изземање на сите судии од скопскиот Кривичен суд по овој предмет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.