НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелација: Казната е намалена затоа што возачот признал вина, а Фросина поминала на црвено

0
By Нова ТВ on April 11, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Признанието на вина од обвинетиот возач Љубиша Видојковиќ кој ја прегази студентката Фросина Цековска  и измената на описот на обвинителниот акт биле причините поради кои Апелациониот суд ја намалил затворската казна од 4 на 3 години.

Во образложението на пресудата Апелација пишува дека „при определување на видот и висината на казната советот ги имаше во предвид сите олеснителни и отежнувачки околности на страна на обвинетиот, признанието на вина и досегашната неосудуваност на обвинетиот, како и други околности  а особено околностите под кои се случила сообраќајната незгода.

„Според приложеното вештачење е утврдено дека придонес за сообраќајната несреќа покрај обвинетиот кој го управувал возилото под дејство на алкохол од 1,13 грам промили и со брзина од 85км/час која била поголема од ограничената 60км/час за град Скопје, свој придонес има и оштетената која како пешак го минувала коловозот на запалено црвено светло за пешаци“ пишува во образложението од Апелација.

Љубиша Видојковиќ пред 4 години ја прегази студентката Фросина Цековска на Партизанска.

Првата пресуда на Кривичен беше 6 ипол години затвор за Видојковиќ. Апелација ја укина и ја врати на повторно судење по што Кривичен му пресуди 4 години затвор.

По жалбите предметот пак дојде во Апелација која овој пат му пресуди 3 години затвор, една година под законскиот минимум за кривичното дело тешки дела против безбедноста во сообраќајот.

Пред два дена од обвинителството потврдија и дека на повтореното судење според насоките на апелација во обвинението било изоставено делото неукажување на помош со кое Видојковиќ се товареше поради тоа што не застанал откако ја прегазил 19 годишната Цековска.

На Видојковиќ му е изречена и казна забрана за управување со моторно возило од Б категорија во период од 1 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.