Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сменето обвинението за возачот кој ја усмрти Фросина-наместо за две, се товари за едно дело

0
By Соња Петрушевска on April 9, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 9, 2019 15:43

Бурни реакции во јавноста предизвика одлуката на Апелација да се намали затворската казна од 4 на 3 години затвор за Љубиша Видојковиќ кој во 2015 ја прегази студентката Фросина Цековска, на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала.

Видојковиќ беше осуден на шест и пол години, но со одлука на Апелација, судењето беше вратено од почеток и на второто судење тој доби 4 години затвор. Кај Видојковиќ беше утврдено присуство на алкохол во крвта и тој побегна од местото на несреќата.

Од Апелација денеска за НОВА рекоа дека одлуката на Апелациja била донесена затоа што „ Судот утврди дека има разлика во описот на дејствијата на обвинетиот во споредба со оние кога одлучувал второстепениот Суд и одлуката е резултат на доказите кои Судот ги зел предвид.

-Имаме изменето обвинние и затоа казната наместо 4, сега е три години, изјавија од Судот за НОВА.

Од Обвинителството за НОВА сооштија дека по насоки од Апелациониот суд во Скопје во одлуката по првостепената пресуда, наместо за две кривични дела за кои првично се товарел Видојковиќ – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, второто кривично дело било исклучено и постапката против него се водела само за Тешки дела против безбедноста во сообраќајот.

-Согласно Кривичниот законик, за ова кривично дело е предвидена казна затвор од најмалку четири години. Со оглед на тоа што со првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1 на лицето кое беше огласено виновно му беше определена казна затвор во рамките на законскиот минимум, незадоволен од висината на кривичната санкција, надлежниот јавен обвинител достави жалба до Апелациониот суд во Скопје. Жалба на пресудата достави и одбраната на обвинетиот. Одлучувајќи по ваквата жалба, Апелациониот суд во Скопје одлучи дополнително да ја намали висината на кривичната санкција, се вели во одговорот од Обвинителството за НОВА.

Од таму најавуваат дека откако ќе ја добијат пресудата, ќе ја разгледаат и ќе одлучат како натаму ќе постапат.

 Одлуката на Апелација ќе биде објавена утре на веб страницата на Судот, а денеска веќе е испратена до првостепениот суд.  Таа може да го обжали до Врховниот суд.

И адвокатот на семејството Цековски, Благоја Ангеловски за НОВА кажа дека го чекаат образложението од Апелација. Но напомена дека нема да застанат.

-Семејството претпре нешто што е неприфатливо. Најверојатно ќе покренеме иницијативи преку Обвинителството затоа што ние во Кривичната постапка сме во својство на оштетени и немаме својство на странка. Ние можеме само да иницираме постапка која треба да ја продолжи Обвинителството. Може да се поднесе барање за вонредно преиспитување на одлуката, за  заштита на законитоста. Јас верувам дека овој случај ќе оди и до Стразбург, вели адвокатот Ангеловски за НОВА.

Минималната казна беше 4 години, значи е направено дополнително ублажување на казната. Човекот беше под дејство на алкохол, побегнал од лице место, не го притворија и на крај ваква одлука, а еден млад живот згасна. Родителите се скршени, за нив нема утеха ни максималната казна да се изречеше, меѓутоа со ваквата казна тие се уште повеќе погодени и навредени“  рече адвокатот Ангеловски.

Во текот на судскиот процес се отвори и дилемата дали Видојковиќ го возел автомобилот, но Обвинителството потврди дека тој бил снимен од безбедносните камери, а тоа го потврди и ДНК анализата.

Обвинетиот направил неколку пропусти односно имал 1,23 промили алкохол во крвта, возел со поголема брзина од дозволеното 85 километри на час. Против него, првично беше покренато обвинение за предизвикување на тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и кривично дело, неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Видојковиќ се бранеше дека пешачкиот го поминал кога на семафорот било зелено светло. Тој управуваше возило „хонда“ кое било на негов другар, кој во критичниот момент седел на совозачкото седиште. Тој сведочеше дека возеле во средната лента, но кога возилото пред нив возело пребавно тие се престроиле во левата лента. Кога стигнале на пешачкиот премин кај Универзална сала, каде што се случи несреќата почувствувале силен удар на предната десна страна на возилото.

Од ударот, се скршила и предното и задното ветробранско стакло на возилото, а ситни парчиња стакло паднале врз нивните лица. По несреќата, возилото го оставиле во дворот од куќата на Баланчевски кој бил сопственик на возилото и двајцата заминале во полициската станица во Ѓорче Петров. Таму им зеле крв и урина.

Фросина Цековска, 19 годишна студентка од Крива Паланка загина во април 2015 година кога во неа удри возилото хонда управувано од Видојковиќ кога таа со неколку другарки го поминуваше пешачкиот премин кај Универзалната сала во Скопје. По оваа трагедија, на местото на несреќата се поставија дополнителни заштитни огради за поголема безбедност на пешаците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.