Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелациониот суд ѝ намали три години на Ангела за убиството на Пино

0
By НОВА ТВ Terziova on June 30, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Апелациониот суд и ја намали казната на Ангела Ѓорѓиевска, осудена за убиството на Пино Секондо. Од првостепената пресуда каде е осудена на 19 години затвор, сега таа има три години помалку за лежење, односно 16 години затвор

-Второстепената пресуда е брука, бидејќи судиите не си ја почитуваа ниту својата прва одлука, кога веќе еднаш го вратија предметот од почеток и дадоа насоки како да се постапува. Сега, истиот совет, носи различна одлука, со која и намалуваат само три години од затворската казна, вели адвокатот на Ангела, Звонко Давидовиќ.

Мајката на убениот Пино, Маја Трпковска, вели дека таа барала доживотен затвор, но сепак е благодарна на судот.

-Една мајка на која и го убија детето не е задоволна никогаш, ќе бев задоволна ако ми го вратија детето назад живо и здраво. Не бев задоволна за два пати пресуда од 19 години и сега не сум задоволна. Јас барам ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР за Ангела Ѓеоргиевска, но сепак сакам да се заблагодарам на првостепениот суд. Сакам да се заблагодарам и на Апелација. Оваа пресуда од 16 години затвор за оваа девојка нема никогаш да ми го вратат Пино дома. Оваа девојка не смее никогаш слободна да се шета на земјава затоа што бидејќи никогаш не се покаја за убиството што го стори заедно со Али Фуркан. Може истото дело повторно да го стори и после некоја друга мајка да пати, да плаче и да се моли барем во сон да си го види синчето, напиша Трпковска на фејсбук.

Ѓорѓиевска е осудена за помагање во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство. Во обвинението се вели дека тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола, а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен. Пино со месеци се водеше како исчезнат, а потоа случаен минувач најде остатоци од неговото тело.

Ангела Ѓеоргиевска Македонија пино пресуда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.