Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аплауз за таа нова, прекрасна Влада

0
By Биљана Секуловска on August 22, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 22, 2020 11:44

Заев и Ахмети се принудени да живеат уште плус некој миг, доброто и злото ги споија повторно, онака како што ги разделија пред оваа нова коалициска влада.

Горката вистина дека љубовта трае само три години ги фрли во нова прегратка, тие сега шетаат со забиени ножеви во грбот, за да докажат дека станува збор само за обичен мит- тие три години кај некои парови траат вечно.

А што да се прави конечно- неуспехот на Заев да создаде коалиција која ќе го исфрли Ахмети, му остава сега широко поле за нови компромиси и нови дебакли, за кои самиот тој ќе мора да ја понесе одговорноста.

Но, таква е политиката, кога се сервира овде на Балканот- губитничка и заглибена во криминал и корупција, помешана со националистички зачини, претставувани како патриотски, неспособна и незаинтересирана за европски, демократски вредности- во што и се состои суштината на достоинствен живот.

О, да, но Заев ништо нема да го амнестира тогаш кога ќе биде јасно дека испорачал фијаско, колку и да беше принуден на овој брак, кој на сите ни изгледа и повеќе од вечност. За да создаде демократски амбиент, правна држава и владеење на правото, тој ќе мора да започне онаму каде што никогаш и не помисли овие изминати три години. Да се ослободи еднаш засекогаш од таа претрупана, гломазна и вештачки креирана администрација, залулкана во спокојството и бесрамноста. Еднакво да ги укине и сите оние лажно создадени агенции на кои и бројот не им се знае, функцијата, корисноста, причината за нивното постоење, а најмалку името, е, да, ниту името самите тие не знаат да си го запаметат.

Потоа, о, потоа имате секакви тела, поврзани дополнително со важни и свети органи, додадете на тоа потоа и пропаст која се добива и од замислени, но платени директорати, потпикнете на сето тоа и управни, надзорни, непостоечки одбори, само пикајте и додавајте, трупајте.

Сето тоа фино, безбразно преплатено, онака како што можете да му ја извадите маста на народот, да му ја грабнете последната можност за достоинство.

На списокот на срамот се товат и сите оние директори и раководители, советници, самопрогласени цареви во народните палати, цела глутница од прегладнети загари, кои трчаат зад него и собираат се пред себе од она што останало како последна надеж на тој народ.

Можеби затоа би било добро да објасни Заев како тоа сега се создава некакво ново тело, орган, директорат, министерство, којзнае што е веќе, во кое генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, ќе се бори против корупцијата.

Има ли поголема иронија- да се гонат за корупција сопствените кадри, наспроти постоечките независни институции, непартиски и со тоа, ослободени по дефиниција од партиски притисоци и интереси- Антикорупциска комисија, Јавно обвинителство и којзнае уште колку институции, и којзнае уште што не постои како легитимна, законска и демократска можност.

Во сета таа приказна, за крај, тажен е отпорот на огромниот дел на Македонците- да се добие премиер- Албанец, макар и на три месеци. И за таквите, кои се стресуваат од помислата некогаш Македонија да добие Албанец премиер, и тоа со цел четиригодишен мандат, што повеќе да се каже- љубовта секако не, но глупоста навистина може да трае вечно.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.