Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апологија на глупоста – зошто “народот” мора да биде означен како “глупав”?

0
By Zoran Ivanov on October 22, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 22, 2025 11:39

Чиј проблем е што е “глупав”, па последователно има потреба од “старател” кој ќе се грижи и за “народот”, но и за “малцинствата”. И тој “старател” е нашата “елита или естаблишмент”, наследен (проширен и надграден со “нови деца”), кој се “грижи” до ден денес за нас. Така некако, сублимирано, метафорично и траги-комично се гради општеството на независна и граѓанска држава. Чиј народ мора да биде “глупав” за “елитата” да има оправдание да “го владее” во транзициски период од тоталитарен кон демократски систем.

Никица Корибин

Тезата за “глупавоста на народот” не е ексклузивна измислица после нашата независност како држава; ама има ексклузивна примена со која е “почестен” исклучиво македонскиот народ. Како една од наследените парадигми од поранешната СФРЈ, каде “мајтапот” на кој беа редовно изложени Македонците, вешто беше скриен во уметничкиот израз и културата на секојдневниот живот – хумор, обичаи, јазик и јазични правила.

Ликот – фиктивен и реален – кој беше проектиран врз Македонците, по правило беше “глупав” како метафора за сиромашен дух, неразвиеност, примитивизам; со највисокото скалило кое можеше и смееше да го достигне – итрина, кроткост и скромност. Никаква интелигенција, креативност, борбеност или прогрес никогаш не се поврзуваа(т) со Македонците, тогаш од другите и сега од “нас” самите.

И ова непишано правило “народот е глупав” и тогаш и сега, се подразбира дека се однесува на Македонците, од кое се исклучени сите останати (делови од) народи. Тоа од една страна ја зацврстува доминацијата на Македонците над другите, иако тој (народот) е проектиран во негативна конотација; а од друга страна паралелно, другите “малцинства” ги потчинува на главниот “народ”.

Чиј проблем е што е “глупав”, па последователно има потреба од “старател” кој ќе се грижи и за “народот”, но и за “малцинствата”. И тој “старател” е нашата “елита или естаблишмент”, наследен (проширен и надграден со “нови деца”), кој се “грижи” до ден денес за нас.

Така некако, сублимирано, метафорично и траги-комично се гради општеството на независна и граѓанска држава. Чиј народ мора да биде “глупав” за “елитата” да има оправдание да “го владее” во транзициски период од тоталитарен кон демократски систем. Оправдание, кое веројатно било редовно проследувано, како “став за внатрешните состојби во општеството” на официјално и неофицијално ниво до земјите од ЕУ и САД, во период од 30 и кусур години независност; период на “мачење” на нашата “елита” со еден “глупав и заостанат” народ.

На кој му биле потребни многу години (преку добро платени проекти за реформа во општеството) за негово напредување и едукација. И никако да напредне. За народот се’ уште зборуваме, или за “просветителските елитити” кој преку (анти)системот на “заробената држава” го “заробиле” народот во “глупавоста”.

Тоа што овој “глупав” народ живее(л) во “заробено” општество на една “заробена” држава; на секое замисливо (и незамисливо ниво) – од образовен систем, преку системот на државата, медиумите, финансиите и економијата, и невладиниот сектор – “окупиран” од нашата “просветителска елита” се чини дека не може да ја амнестира нивната вина, за “глупавоста” на народот.

Затоа што во спротивно, ќе со соочиме со прилично котраверзен шовинистички став, со фашистички и супремациски примеси – дека цели народи може да бидат “глупави” или “паметни”. На кого тогаш “елитите” ќе бидат елити?

И оваа кулминација на одбраната на глупоста, која не следи предолго низ 20-от и 21-от век, на (само)демонизирање и (само)унифицирање на цел народ како “глупав” ја покажува нејзината не-автентичност. Туѓ став, мазохистички, наметнат и прифатен, како сопствен став.

Кој треба(ло), да создаде идентитетска конфузија и отсуство на етничка самодоверба, која потоа се проектира на лично ниво (како поединци и граѓани) и колективно ниво (како општество кое е осудено на пропаст). И токму тој проектиран (и негуван) фатализам, веќе отворено го гледаме последниот период.

И откако на тој “глупав” народ, заедно со “малцинствата” им е одземана со децении улогата во создавањето и креирањето и на општеството и на државата, им е проектирана и накалемена “конструирана историја” – латентно им се одзема секој придонес во намерата и желбата за нормално и функционално општество; со демократска свест, многу поголема од авторитарната свест на нејзините “елити”, кои ја градат и создаваат и “покрај и против” нив.

Со бруталните околности, контрола, манипулација, “заробување на општеството и државата”; ограничениот пристап до системот и сите пречки на кои граѓаните се константно изложени; прилично далеку стигнавме како за “глупав” народ. Може да се замисли, како ќе беше ако “нашите” не беа против нас.

И затоа е крајно накарадно и бесмислено, да се шири најновиот наратив, како репер за “морално поведение” кое треба да го имаат граѓаните во “заробената држава” од “елитите и естаблишментот” кои владеат неограничено триесетина години (а ограничено повеќе); и на пример да се обвинуваат луѓе со уништени животи од мал град како Кочани, и да им се става “товарот на промените” за сите нас, со јасно и еклатантно отсуство на јавно изразена емпатија. Глупаво е нели?

Како сиже на “глупавоста” која беше и е, константно проектирана на сите нас. Не е веќе прашање, кој е глупав, туку кој е искрен. Во наративот и намерите.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

колумна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

ВЕСТИ May 20, 2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна…

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.