МВР и инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера откриле рибократци во водите на Преспанското езеро на потегот помеѓу селата Долно Дупени и Наколец.
МВР ќе поднесе пет кривични и пет прекршочки пријави против 10 лица, на кои им е кофискувана и опремата.
Во услови кога езерото е без концесионер, лица од регионот на Преспа, спротивно на законот со различен риболовен алат, мрежи, недозволени средства, влакови, оски, харпуни, вршеле нелегален лов на риба од Преспанското Езеро. Покрај тоа што поседувале импровизирани складишта за алатот, како и фрижидери со свежа и замрзната риба истата илегално ја продавале на зелените пазари во Битола, Прилеп и Ресен, како и во угостителските објекти во Охрид и Струга.
Инспекциските контроли во наредниот период ќе се интензивираат на повеќе риболовни подрачја и зони.