Published: Thursday, December 5, 2013 12:19
Арамија ограбил фирма во Скопје, и направил штета од речиси милион денари, крадејќи лап топ и 498 парчиња рам меморија.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, арамија провалил во фирмата „Дигит Компани“ ДОО Скопје, лоцирана на улицата Орце Николов во Скопје. Арамијата од фирмата во сопственост на 53-годишниот М.Љ. украл 498 парчиња рам меморија марка „кингстон“ и лап топ компјутер во вкупна вредност од 950.000 денари.
Скопската полиција презема мерки за откривање на сторителот.




