Хрватската Влада најкасно до 15 октомври ќе распише конкурс за продажба на дел од акциите, јавуваат хрватските медиуми.
Владата планира на продажбата да понуди најмногу до 49 отсто од акциите на „Кроација Ерлајнс“.
Медиумите пренесуваат дека помеѓу потенцијалните купувачи е една кинеска компанија, индонезијската национална компанија, и „Етихад“ од ОАЕ кој купи 49 отсто од српскиот авиопревозник.
Во Индонезија на крајот од месецот ќе патува хрватскиот министер Синиша Хајдаш Дончиќ кој во Џакарта ќе одржи состанок со министрите и лидерите на некои од компаниите од областа на сообраќајната инфраструктура.
Економските аналитичари во Хрватска предупредуваат на „опасност од продажба на останатите национални добра“.