Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арбитражниот суд донесе конечна одлука со која Албанија треба да му плати 110 милиони евра на Франческо Бечети

0
By Ана Василевска on April 5, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Франческо Бечети
Франческо Бечети
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Арбитражниот суд донесе конечна одлука со која Албанија дефинитивно го загуби случајот против италијанскиот претприемач Франческо Бечети, во врска со обесштетувањето што тој го побара за затворањето на телевизијата „Агон чанел“ во 2015 година. 

Според одлуката, Албанија треба да му исплати 110 милиони евра, како и обврска од 145 илјади евра за повторното отворање на случајот.  

„Во пресудата од 29 март 2023, судот составен од американскиот државјанин Грант Ханесиан како претседател, Роберт Андерсон К.Ц. од Обединетото Кралство и Чарлс Понсет од Швајцарија наредил итно отфрлање на барањето на Албанија за ревизија на првичната одлука, јасно ставајќи до знаење дека барањето на Албанија е без правна основа. Судот наведува дека во барањето на Албанија не се приложени нови факти од оние  во 2019 година, кога е донесена првата одлука“, јавија албанските медуми.  

Телевизијата Агон чанел беше отворена 2013  за по две години да биде затворена од страна на албанските власти, по што Бечети  поднесе тужба против Албанија за неправедна заплена, поттикната од политички мотиви.   

Инаку, според Високата државна ревизија против Албанија има уште осум активни тужби во арбитражните судови од каде се очекува одлука. Странски компании кои ја тужат Албанија во арбитражните судови бараат отштета во износ од една милијарда и 356 милиони евра, вклучувајќи и 110 милиони евра на италијанскиот бизнисмен. 

„Агон чанел“ Албанија Арбитражен суд Франческо Бечети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.