Светот чекаше 29 дена на новиот шампион во Копа Либертадорес. И дочека. Ривер Плата и Бока Јуниорс, наместо на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, играа за титулата на „Сантијаго Бернабеу“. Актерите на тревникот понудија незаборавна фудбалска вечер, навивачите на трибините направија прекрасна атмосфера во која уживаа бројни фудбалски ѕвезди, менаџери, тренери во ВИП ложата.

Меѓу присутните беше „фатен“ Лионел Меси, ѕвездата на Барселона, кој го проследи мечот во друштво на семејството. Аргентинецот нема играно за големите ривали од Буенос Аирес, но лично доби покана од фудбалската федерација на Шпанија што ја искористи.
Тоа, пак, не беше случај со легендата на мадридски Реал, Кристијано Роналдо, кој не беше „заловен“ од камерите.



Натпреварот одблиску го проследија и Џани Инфантино (претседател на ФИФА), Алеханрдо Домингеш (претседател на КОНМЕБОЛ), Александар Чеферин (претседател на УЕФА), Хамес Родригез, Жерар Пике, Жорди Алба, Серхио Бускетс, Артуро Видал, Антоан Гризман, Диего Годин, Филипе Луис, Хименез, Леонардо Бонучи, Џорџо Кјелини, Анхел Кореа, Маркос Рохо, Мичел Салгадо, Диего Симеоне, Хавиер Занети, Маурисио Пелегрино, Пауло Дибала, Мауро Икарди, итн.