Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аргетим Асани: Контроверзeн „теренец“ на ДУИ со сомнителен бекграунд

0
By Сашка Цветковска on July 25, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 25, 2015 16:01

Заменик-директор на УЈП Аргетим Асани кој денеска загина откако беше застрелан во Струга на македонската јавност и беше релативно непознат по својата служба во една од најсериозните институции во земјава или, пак, по својот политички ангажман. Важеше за близок човек на ДУИ и особено Али Ахмети. Извори на НОВА коментираат дека Асани бил повеќе „теренец“ на ДУИ и човек од подземјето, отколку некаков политички чинител во партијата.

Кариерата на Асани често ја пратеа разни скандали кои вклучуваа тепачки, инциденти со полицијата и обвинувања од медиумите на албански јазик дека кривични и прекршочни пријави лесно исчезнувале помеѓу полициските белешки. Вакви обвинувања доаѓаа и до партијата ДПА.

НОВА минатата година објави истражување за Асани во коешто откри дека вториот човек во Управата за јавни приходи по Горан Трајковски е неплаќач на данок, односно дека неговата фирма со години должела десетици милиони денари неплатени даноци.

Асани воопшто не ги демантираше информациите, туку во разговор со НОВА ги потврди и изјави дека „тој во фирмата е само сопственик, а е не и управител“ и дека истовремено води и спор со УЈП за своите неплатени давачки.

„Има и жалби во моментов, кога ќе завршат тие жалби долгот сигурно ќе се плати, кажете ми кој може да и избега на државата за неплатен данок, рече Асани за НОВА во фебруари минатата година.

Подоцна во Мај истата година ДПА поднесе пријава против Асани во Антикорупциската комисија за конфликт на интереси којашто никогаш не се процесуираше.

Контроверзно беше и самото назначување на Асани за заменик директор на УЈП. Претходниот заменик, кадар на ДУИ, се пожали одбивал да му угоди на партискиот миленик околу проблемот со долговите, по што бил експресно сменет, а на негово место поставен Асани кој нема никакво искуство или експертиза во сферата на даночната политика.

За тоа колку важен човек за ДУИ бил Аргетим Асани говори и фактот дека тој е поставен за заменик директор на УЈП во ноеврми 2013 на итна вонредна седница на владата. Во тоа време никој во Владата не сакаше да зборува како Асани се најде на оваа позиција и зошто е разрешен претходникот. Единствен искрен одговор дојде од портпаролот Мухамед Хоџа кој за НОВА изјави дека неговото назначување „веројатно е партиски договор помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ кој дошол како награда за исклучителниот ангажман на Асани на изборите. Хоџа тогаш откри и дека Асани, всушност, никогаш не бил член на ДУИ туку на Нова Демократија, но дека бил во процес да стане член.

-ДУИ го предложи, да, но го назначи владата, не само ДУИ. Тој помагаше на локалните избори, за долгот на фирмите во кои е оснивач не знам да ви кажам, тоа е се што знам, а за разрешувањето на Ахмети немаше образложение, веројатно коалицијата се договориле и тие знаат, вели Хоџа.


Аргетим Асани со Али Ахмети во Тирана минатата година

Во јануари минатата година порталот „Алмакос“ објави дека Асани нападнал полицеаец кој го стопирал со службеното возило од УЈП. Инцидентот никогаш не беше расветлен. За Асани се шпекулираше и дека си го променик името во Аргетим од Арслан поради наводни кривични дела кои за него постоеле во системот.

ДПА на прес конференции го обвинуваше дека ја злоупотребува функцијата во УЈП за рекет и уцени.

Асани загина денеска во Струга околу 13 часот откако непознато лице пукало во него од кола во движење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 8, 2026

25 години од погибијата на десет армиски резервисти кај Карпалак чиј конвој кукавички беше нападнат од заседа

ВЕСТИ August 8, 2026

Дваесет и пет години од загинувањето на десетте прилепски резервисти кај Карпалак беа одбележани со…

Иран постави шест услови за САД за да го отворат Ормутскиот теснец

August 8, 2026

Триста илјади жртви на злоупотреба во француските цркви

August 7, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

August 6, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.