Информирана сум дека толку брзо се случило. Немам други информации за можни жртви, тоа ќе бидеме официјално информирани. Апсолутно жалам, многу болни луѓе тука биле на лекување
Пожарот во болницата избувнал со голема брзина, пред околу еден час, изјави вечерва градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.
Таа рече дека, засега, нема информации за жртви во пожарот.
– Информирана сум дека толку брзо се случило. Немам други информации за можни жртви, тоа ќе бидеме официјално информирани. Апсолутно жалам, многу болни луѓе тука биле на лекување, рече градоначалничката Арифи.
Таа вели дека за здравствената состојба на пациентите и за тоа каде се евакуирани, дополнително ќе има информации и од болницата и од полицијата.