Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аризона денес ќе ја изврши првата егзекуција по 8 – годишна пауза поради неуспешно погубување со смртоносна инјекција

0
By Соња Крамарска on May 11, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Аризона се подготвува за својата прва егзекуција по 2014 година, врз затвореник осуден за убиство на студентка, осум години откако државата ја изврши последната егзекуција со смртоносна инјекција, која излезе неуспешна.

Кларенс Вејн Диксон, осуден за смртоносно избодување и задавување на студентката на Државниот универзитет во Аризона, Диана Боудин во 1978 година, треба да умре денес во 10 часот по локално време во државниот затвор во Аризона.

Егзекуцијата на Диксон е прва во Аризона по грозоморната егзекуција на затвореникот Џозеф Вуд во 2014 година, кога беа потребни речиси два часа да почне да дејствува инјекцијата со смртоносниот коктел од хемикалии за да го убие Вуд. Сведоци рекоа дека тој се гушел и се мачел пред да умре. Властите се бранеа дека тој секако не бил свесен, бил во кома, и не почувствувал болки.

Потоа, Аризона ги запре егзекуциите. Во 2017 година, федерален судија прифати сеопфатни реформи на протоколите за смртна казна во државата, вклучително и договор да престанекористењето на одредени дроги. Државата рече дека ќе го ограничи овластувањето на затворот да го менува составот на смртоносната инјекција и ќе му дозволи на затвореникот да оспори било какви промени во дрогата.

Неколку државни влади и федералната влада на САД се мачеа во последниве години да ги подобрат состојките што се користат во смртоносните лекови за инјектирање, додека правните и етичките прашања земаат замав.

Диксон беше осуден на смрт во 2008 година, околу 30 години по убиството на Боудин. Случајот остана нерешен до 2001 година, кога инспекторите ја поврзаа ДНК-та на Диксон со доказите пронајдени на местото на злосторството. Во тоа време, Диксон служел доживотен затвор за сексуален напад во 1986 година.

Судијата на Врховниот суд минатата недела пресуди дека Диксон е психички способен да биде погубен. Олсон рече дека Диксон има шизофренија, но покажал „софистицираност, кохерентно и организирано размислување“.

Аризона погубување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.