Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арнаудовска: Независно судство – има, го унапредуваме со реформи

0
By Нова ТВ on November 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 9, 2013 12:02

Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија е во Вашингтон, на меѓународна конференција за судска обука. Националниот центар на државни судови на САД е домаќин на собирот на 270 учесници од 70 држави во светот.

Јане Бојаџиев од Глас на Америка правеше интервју со Арнаудова.

Глас на Америка: Како ќе одговорите на се`позачестените критики за зависноста на македонското судство од дневната политика?

Анета Арнаудовска: Ќе одговорам како директор на Академијата која што е задолжена да го унапреди стручното знаење и вештините на судиите, како и да ги зајакне капацитетите на македонските судии да се одбранат од притисоците – и внатрешни во самиот суд, и надворешни од другите две власти, но и од медиумите, меѓународната заедница, невладиниот сектор, кои можеби имаат свои интереси. Особено, фокус ни е јакнење на интегритетот на судиите, етичкиот кодекс, значи, јакнење на независноста, да се одбранат од тие притисоци

Како Академија, ги преземаме сите мерки за остручување на судството, во смисла на пренесување на меѓународните документи. Особено, фокус ни е јакнење на интегритетот на судиите, етичкиот кодекс, значи, јакнење на независноста, да се одбранат од тие притисоци. Притисоци постојат во сите држави и тоа го искажаа сите наши колеги на оваа конференција.

Глас на Америка: Меѓутоа, има ли независно судство во Македонија?

Анета Арнаудовска: Независно судство – има, поради тоа што Македонија ги презема сите реформи, со цел да го унапреди судството. Ние ги имаме имплементирано сите меѓународни стандарди: сопствено тело што ги избира и разрешува судиите – значи не Собранието и Владата – потоа Академијата како нова институција, која ќе обезбеди објективни критериуми за избор на новите судии и обвинители, и, секако, мора да работиме на имплементација на стандардите во пракса.

Глас на Америка: Меѓународните извештаи, речиси без исклучок, нотираат за корупцијата и навлезеноста на политиката во сите сфери на судската власт? Точно ли е? Анета Арнаудовска: Не може да одговорите со ДА или НЕ. Корупцијата е мошне сложен проблем во судството. Сега сме во четвртиот круг на ГРЕКО евалуацијата што ја испитува способноста на Македонија да се одбрани од корупцијата во судството. Превентивните механизми се во многу сегменти од судството. Корупцијата не е само во вид на мито, туку таа може да се јави и како политичка корупција, корупција заради унапредување на повисока функција, итн.

Глас на Америка: Има ли политика во случајот Кежаровски кој ја бранува македонската и меѓународна јавност. Кој е вашиот коментар? Сите меѓународни стандарди ни забрануваат ние како судии да коментираме било каква пресуда која што е во траење

Анета Арнаудовска: Јас повеќе пати сум одговарала на новинарски прашања во врска со случајот Кежаровски. Значи, се работи за судски процес што е завршен со првостепена пресуда. Сите меѓународни стандарди ни забрануваат ние како судии да коментираме било каква пресуда која што е во траење. Да почекаме повисоките судови да ја дадат својата одлука.

Глас на Америка: Како да се направи бедем меѓу судската и извршната власт во Македонија?

Анета Арнаудовска: Принципите на незавиност се зададени во сите меѓународни стандарди. Во праксата мора многу да се работи за да се охрабрат судиите и обвинителите да бидат независни од политиката. Особено ние. како Академија, ќе бидеме фокусирани на идните судии и јавни обвинители. Во последните шест години се избрани 300 судии и јавни обвинители. Мора напорно да се работи во правецот на зајакнување на резистентноста на судиите и обвинителите спрема политиката. Значи, тоа е процес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.