Арсова, македонската алпинистка, утрово стана првата Македонка која го искачи највисокот планински врв во светот – Монт Еверест.
Илина, околу 3:15 часот утрово застанала на врвот на светот, на висина од 8.848 метри надморска висина.
Илина Арсова е ликовен уметник и позната планинарка која во женска конкуренција има постигнато најголеми успеси во Македонија.
Освен на Монт Еверест досега се има искачено уште и на Мон Блан, Килиманџаро, Конгагва како и на други високи планински врвов ширум светот.