Стојкоски, освен твоите другарчиња од штаб, сите останати знаат да читаат, тоа ти е сега најголемиот проблем, напиша градоначалничката Данела Арсовска на својот фејсбук профил за градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски
Таа повторно ја критикуваше иницијативата на градоначалникот за градење хемиски фабрики и висококатници во општината и покрај тоа што, вели таа, од Град Скопје дале негативно мислење.
Дали ти ги праша жителите на Ѓорче Петров дали тие сакаат хемиски фабрики на 157.000 m2 и над 30 висококатници да се градат сред општината? НЕ! И покраш тоа што како град Скопје дадовме негативно мислење за овој ДУП, ти упорно сакаш да убедиш некој дека хемиски фабрики е супер да се градат во Ѓорче, а ги молчиш дивоградбите таму и висококатниците кои си дал амин да се градат на булевар на небезбедна одалеченост, пишува Арсовска на Фејсбук.