Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Артан Груби ги повика пратеничките групи да ги усвојат заклучоците за францускиот предлог

0
By Соња Крамарска on July 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со вклучувањето на опозицијата во целиот процес на разгледување на европскиот предлог во Собранието се надевам, ќе изнајдеме најдобро можно решение, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, посочувајќи дека тоа на крајот ќе треба да биде усвоено после дебатата во Собранието.

Тој посочи дека ова е предлог на ЕУ, на Советот на ЕУ, консензуално донесен од сите 27 членки, претставен од француското претседателство и доставен до Република Северна Македонија.

„Не е најдоброто решение, но подобро нема да добиеме никогаш. И затоа сметам дека политичките елити во земјата, цивилното општество, медиумите и академската заедница треба да се охрабри и да им ја каже вистината на граѓаните дека со овој предлог ниту се спори македонскиот идентитет, ниту македонскиот јазик, ниту македонските културни, духовни особености. Напротив, оваа Влада, сите идни влади го гарантираат тоа низ процесот затоа што и тие имаат право на вето врз секакво можно одлучување по однос на Комисијата која што ќе разговара со Бугарија во однос на билатералниот спор“, изјави Груби, одговарајќи на новинарски прашања на настанот по повод отворањето на новата зграда на Управниот суд во Скопје.

Прашан дали има рок до кога треба да заврши координацијата по предлогот во Собранието, Груби рече дека немаме време за чекање.

„Повторно ги замолувам пратениците, пратеничките групи коишто денеска се среќаваат и ќе разговараат по однос на предлог заклучоци за информацијата која што е доставена од Советот на ЕУ до Владата на РСМ за т.н. француски предлог којшто е впрочем предлог на ЕУ да ги усогласат, да ги усвојат, и да ја задолжат Владата со нула компромиси по однос на јазичните, идентитетските, културните, историските и образовни особености на македонскиот народ, на нашата држава да постапи кон отпочнување на преговори со ЕУ и одржување на првата меѓувладина конференција“, изјави Груби. (Р.Н.)

Артан Груби заклучоци за францускиот предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.