Неколку часа пред разговорите на министрите за надворешни работи на Русија и на САД, Џон Кери, и Сергеј Лавров, сирискиот претседател Башар ал-Асад најави дека ќе го предаде арсеналот на хемиско оружје, со што постави сценарио за почеток на распоредувањето на меѓународните инспектори.
Денеска Европскиот парламент побара денеска „јасен, силен и обединет“ меѓународен одговор вклучително и во случај на потреба „мерки за спречување“ на употреба на хемиско оружје од кое во Сирија загинаа неколку стотици луѓе минатиот месец.
Во резолуција н ЕП се вели дека „различни извори укажуваат“ дека сирискиот режим е одговорен за нападот од 21 август крај Дамаск и тоа е „флагрантно кршење на меѓународното право, воено злосторстви и злосторство против човештвото“.