Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АСОМ тврди: Предлог измените на законот за игри на среќа се противправни

0
By Нова ТВ on January 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради наметната обврска на усогласување кое не било предвидено во моментот на издавање на лицентите, со барање и поведување постапки за нанесена материјална штета и поведување на постапки пак, за нанесена материјална штета која ќе ја претрпат обложувалниците, постои можност да се предизвика и директна материјална штета по однос на Буџетот, кој вака ако остане, ќе биде покус за 250 милиони евра, средства што инаку придонесуваат во државната економија, велат од АСОМ.

Инаку, почетокот на процесот за подготовка на закон за измена и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри, наиде на силна реакција од страна на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија. Асоцијацијата стои на ставот дека нема да прифатат закон кој води кон целосно затворање на индустријата. Ова, велат од АСОМ, е погубно решение кое ќе „збрише“ цела една стопанска гранка, која има значаен социо-економски придонес во државата.

Освен тоа, Асоцијацијата укажува и на домашни и меѓународни правни консеквенци со кои може да се соочи државата, бидејќи со ваквото законско решение, кое ќе стави клуч на врата на спортските обложувалници, на компаниите им се одзема стекнатото деловно право по основ на важечките лиценци за постоечките објекти.

Асоцијацијата на спортски обложувалници констатира дека предлог измените на Законот се противправни на веќе издадените и постоечки лиценци и дека истото ќе предизвика правна несигурност кај субјектите на коишто им е издадена лиценца со точно одреден рок на важење согласно Законот за игри на среќа.
Условите кои ги наметнува новиот закон, де факто значат затворање на нашите објекти, а со тоа и прекин на правата кои ги регулираат лиценците.

Спортските обложувалници плаќаат лиценци кон државата кои им гарантираат услови за работа за периодот за којшто е издадена лиценцата. На основ на тие лиценци, приредувачите на игри на среќа во обложувалница вложуваат во простор, средства за работа, ИТ решенија, нови вработувања. Заради наметнатата обврска на усогласување кое не било предвидено во моментот на издавање на лиценците, со барање или поведување на постапки за нанесена материјална штета која ќе ја претрпат обложувалниците, може да се предизвика и директна материјална штета по буџетот.

Буџетот ионака со ваквото законско решение ќе остане покус за над 250 милиони евра, средства со кои индустријата на игри на среќа придонесува во државната економија, велат од АСОМ и посочуваат дека во моментот се во тек правни консултации со домашни и меѓународни експерти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.