Официјална Атина го соопшто својот став за тоа дека Македонија не ги исполнува условите за почеток на преговри за членство во ЕУ. Дописникот на Утрински весник ја пренесе изјавата на заменикот министер за надворешни работи Димитрис Куркулас.
„За ФИРОМ останува нашата фиксна поддршка за членство, но под услов да се исполнат Копенхашките критериуми, во кои се вклучени и добрососедските односи. Ја знаеме добро позицијата на Комисијата која предлага 5 години почеток на преговори, но нашето мислење е и ќе продолжи да биде дека се уште нема предуслови за почеток на преговори со ФИРОМ“, истакна Куркулас на брифинг со новинарите во грчкото министерство. Заменик министерот изрази надеж за македонската влада да одговори на грчките, како што ги нарече „храбри чекори“ за решавање и подобрување на добрососедските односи, за конечно да се отворат вратите за членство во ЕУ и НАТО.




