Во моментот е очигледно дека во Атина нема подготвеност за надминување на спорот, изјавил шефот на македонската дипломатија Никола Поповски за новинската агенција Анатолија.
Македонија, како што вели Поповски е посветена на изнаоѓање на решение но Атина не возвраќа.
– Покажавме капацитет да се дојде до компромис како што никој не може да замисли. Досега направивме огромни жртви со прифаќање на компромисно решение во 1995 година, со Привремената спогодба, што значеше промена на знамето, Уставот и дополнителни гаранции кон јужниот сосед, а за возврат не добивме ништо, освен понижувачко именување во Обединетите нации, вели македонскиот министер за надворешни работи.
За обвинувањата од Атина дека Македонија има територијални претензии, ги краде грчката историја и култура, тој оценува дека станува збор само за оправдување за да не се преземе ништо во врска со проблемот.
– Искрено, тоа не може да се дефинира никако поинаку освен како оправдувања. Грчките политички лидери во изминатите години покажаа исклучителен капацитет за наоѓање изговори. Единствениот изговор или единственото објаснување што не го дадоа е како може да се прекршуваат меѓународното право и преземените обврски толку долго време. Оттука, се поставува и прашањето како можат да го оправдаат своето членство во ОН. Овие прашања се уште остануваат неодговорени, вели Попоски, изјавил Поповски за Анатолија а информацијата ја превзема МИА.




