Славниот спринтер ќе настапи на СП во Лондон, а потоа, за последен пат, најави дека ќе трча и на гран при митинг во својата земја
Еден од најголемите атлетичари на сите времиња, ако не и најголем, Усеин Болт, најави дека наскоро ќе ја заврши кариерата. Тоа, според него, ќе се случи на лето и од сцената ќе се повлече како непоразен шампион.
Светското првенство во Лондон во 2017 ќе биде последно негово појавување на големите натпреварувања. Спринтреот од Јамајка откри и каде ќе може ќе биде повлекувањето.
„Митингот од гран при серијата во 2017 година ќе биде последен настап пред моите сонародници. Тоа ќе биде мојата последна трка на Јамајка“, порача Болт.