Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аугментациска политика на отпор

0
By Zoran Ivanov on July 12, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 12, 2026 19:46

Во оваа констелација, политичката битка добива сосема нова димензија: борбата со ВМРО-ДПМНЕ повеќе не е прашање на обичен политички избор или партиски ривалитет – таа претставува врвна граѓанска одговорност и историска должност.

Ана Чупеска

Политичкиот систем денес се наоѓа во состојба на опасна ентропија — дотолку повеќе што не ни може да се нарече систем. Инжинираните перцепции дека „сите се исти“ и дека „они се договорени“, дополнително пак, генерираат и потхрануваат апатија. Апатијата, конкеквентно, исклучиво им одговара на оние кои во моментов ја имаат окупирано власта.

Но, мораме сега да демистифицираме една круцијална вистина: оваа апатија не е природна општествена состојба! Таа е резултат на класична психолошка операција (psy-ops) спроведена од власта против сопствениот народ, а и потпомогната од трети автократски келии. Тие очигледно е дека упорно, и очајнички, би рекла, сакаат да ја оддржат по секоја цена оваа апатичност меѓу нашето население.

Автократијата овде делува како предатор што лета на „Пегазус“; кој не само што те надгледува, туку и те контролира. Со тоа, систематски ти го ушмукува капацитетот за разум. Оти, верувањето дека сѐ е однапред детерминирано претставува најефикасниот механизам за целосна пацификација на било каков пркос, бунт или отпор. Или, се додека граѓанинот е убеден дека политиката е затворена игра во која
неговиот глас нема тежина, тој доброволно се демобилизира.

Но кваката е во фактот што таа апатична демобилизација се одвива во услови на контаминирана и поларизирана псевдо јавност.

Иако навидум контрадикторно, поларизацијата е токму таа која повратно го стимулира овој ефект на перманентна апатија и ефектот на изедначување на политичките актери. Па така, во вакви услови на евидентна демократска ерозија, владејачките структури многу лесно конструираат хегемониски дискурс преку стимулација на поларизирачки популизам и институционална доминација.

И, што да се прави ?!

Прво, одговорот на оваа системска парализа не може да биде конвенционален. Напротив, потребна е АУГМЕНТАЦИЈА НА ПОЛИТИКАТА НИЗ ОТПОР— не само како технолошки или комуникациски концепт, туку како суштинско, структурно проширување на демократскиот капацитет преку една есенцијална епистемолошка
лекција: примената на трансформативна реполаризација. Овој концепт подразбира дисрупција на актуелноста. Притоа, ова не е само теоретска апстракција, туку докажана политичка пракса — тоа беше клучната стратегија на Петер Маџар и партијата ТИСА во Унгарија, кои преку овој модел успеаја да го размрдаат тамошното политичко поле. Всушност, неговиот главен комуникациски стратег неодамна објави и научен труд токму на оваа тема, докажувајќи ја нејзината епистемолошка и практична супериорност. Следејќи го тој принцип, стариот, стерилен расцеп на оската „левица наспроти десница“ мора да биде редефиниран во нов, посуштински расцеп: корупција наспроти обнова, страв наспроти надеж, и заробена држава наспроти суверени граѓани.

Второ, политиката по дефиниција не може да егзистира без конфликт, но прашањето е како ќе го редефинираме тој агонистички простор?!

Било кое опозициско дејствување, за почеток, не смее да западне во стапицата на реципрочна поларизација, слепо реплицирајќи го стилот на власта, бидејќи со тоа само го потхранува автократскиот спин дека опозицијата е огорчен и инфериорен елемент.

Дали се разбираме?

Со други зборови, аугментациската политика наложува суверено менување на главниот политички конфликт.

Трето, сржта на оваа политичка аугментација лежи и во радикалното деконструирање на лажниот конфликт меѓу народот. Имено, категорично мора да се отфрли секој обид

за антагонизирање на граѓаните кои гласале за владејачките структури. Тие не се егзистенцијалниот непријател; тие се директни жртви на истите социјални патологии кои го разоруваат целото општество. Овој хегемониски систем преживува токму преку генерирање емоционални поделби и хоризонтални војни меѓу самите граѓани, терајќи ги жртвите да се презираат меѓусебно. Но, вистината е дека секој граѓанин, независно од неговото гласачко ливче, подеднакво крвари од девалвираните плати, инфлацискиот шок, колабираните јавни услуги, сеприсутната партиска пресија и
егзистенцијалната несигурност за иднината.

И тука лежи клучниот демократски парадокс кој мора да се разобличи најургентно.

Дозволете да објаснам, за да бидеш суверен граѓанин, воопшто не мора да бидеш дел од СДСМ, ниту пак формално да се идентификуваш како партиски симпатизер. Огромни маси луѓе имаат легитимен отпор кон класичното партиско етикетирање. Но, едно е аксиоматски точно: ти секако не си суверен граѓанин доколку си излажан, инструментализиран и сведен на обичен статистички декор во една клептократска претстава! Бидејќи, суверенитетот е апсолутно некомпатибилен со манипулацијата. А
автократско-клептократската мрежа виртуелно ти продава илузија на национална гордост, додека во заднина те ограбува.

Токму затоа, во оваа констелација, политичката битка добива сосема нова димензија: борбата со ВМРО-ДПМНЕ повеќе не е прашање на обичен политички избор или партиски ривалитет – таа претставува врвна граѓанска одговорност и историска должност.

Како конституционалист по убедување, сметам дека кога уставниот демократски поредок е де факто суспендиран од мрежна пајажина што ги има заробено полугите на власт и воспоставува институционална хегемонија, аугментационен отпор, станува единствениот легитимен одговор против ваква радикална неправда.

Поради тоа, еманципаторската порака кон граѓаните, пласирана на било која платформа, или која било забава, мора да подразбира суштинска аугментација и јасно таргетирање на автократијата! Таа не смее да се сведе на патетична борба за трон; на алчна и пред сѐ тенденциозна фрагментација; на конкурентна опозиција на опозицијата. Пораката од Лимак, затоа, требаше да биде кристално јасна: борбата е директно и недвосмислено против ВМРО-ДПМНЕ; вклучете се во широкиот општествен фронт за вистина и правда. Но, тоа не се случи.

Притоа, мора да бидеме на чисто: апсурдно е да се очекува правда од домашни институции кои се целосно киднапирани и претворени во соучесници на власта.

Изборот пред нас е брутално бинарен: или си дел од овој демократски анти авторитарен фронт, или си, наједноставно кажано – загреота. И ова го констатирам без трошка цинизам. Зошто? Бидејќи апсолутно сите се контаминирани од оваа социјална патологија. Дури и оние актери кои денес намерно и тенденциозно ја фрагментираат сцената се, всушност, заложници на истиот тој систем. Затоа и велам, загреота се…

Аугментациската политика, конечно, изискува радикален чекор кон владеењето на правото, поточно, неопходно е итно инволвирање на Европското јавно обвинителство. Тоа имено, мора да влезе овде и да преземе независни истраги за финансискиот и системскиот криминал.

Затоа е впрочем потребна и Европската Унија.

За да се престане со крадење!

Дали се разбираме?!

Кога домашниот поредок е претворен во алатка за заштита на „мрежата”, меѓународната правна интервенција преку европските механизми останува единствениот гарант за расчистување со корупцијата и враќање на правдата.

И тука лежи вистинската моќ на трансформативната реполаризација. Таа артикулира нов конфликт — а, не хоризонтална војна меѓу граѓаните, туку вертикална пресметка на суверениот демос против корупцијата, против стравот и окупираните институции, особено кога власта безмилосно ги „јаде“ институциите кои треба да се спротистават на корупцијата.

Текстот е сопственост на Трилинг.мк

Ана Чупеска колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.